ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник во НАТО

January 27, 2021 20:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител ги оцени како несериозни обвинувањата од опозицијата за кандидатот за воен претставник во НАТО.

Таа подвлече дека не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник и оти во ниту еден момент досега не е добиен сигнал дека некој го прекршил законот или направил нешто спротивно на ингеренциите.

– Во моментот ние немаме проблем со одбивање. Воениот претставник за кој се зборува, не е одбиен, само не му е издаден сертификат. Тоа се две различни работи. Никој не вели – луѓето направиле злочин, туку велат – во моментов се уште мислиме дека имаме одредени резерви кои може да не бидат објективни, појасни Шекеринска.

Обвинувањата на опозицијата, како што рече, се несериозни обвинувања за многу сериозна работа.

– Да сум пола од несериозните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ денеска би требало да излезам и да кажам дека одговорност треба да понесе ВМРО-ДПМНЕ бидејќи за сите случаи за кои јас знам, тие издале сертификат претходно. Со потписи на нивно луѓе, биле издадени такви сертификати. Ако некој треба да зборува за погрешна проценка, адресата би требало да биде на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска.

Годинава, обврска на државата е да се пополнат и командните места во НАТО каде ќе бидат испратени луѓе со највисоки НАТО сертификати.

Во однос на можноста професионалните војници со навршени 45 години да одлучат дали ќе продолжат со работа во некоја од државните институции или пак ќе искористат т.н. испратнина со финансиски средства од 1.000 евра за секоја година помината во службата на Армијата, министерката вечерва изјави дека ќе има средства за реализација на оваа опција.

– Оваа година имаме некаде околу 107 војници кои ќе наполнат 45 години. Од нив, овие месеци додека не стапи законот во сила, ќе важи старото решение, меѓутоа очекуваме дека дефинитивно 70-тина ќе го имаат изборот. Веќе знаеме дека 10-тина ќе останат во Армијата како цивилни лица. Еден дел сега заминуваат во пожарните во Скопје, Кичево и Валандово, еден дел ќе се префрлат во судската полиција, но еден дел претпоставуваме дека ќе ја изберат оваа опција и тоа би чинело некаде околу милион и 200 илјади евра на годишно ниво, рече Шекеринска. /МИА/.

Next Post

Не треба да паничиме поради појавата на новата мутација на ковид-19, порачува д-р Петличковски, директор на Институтот за имунологија

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk