Премиерот на Албанија Еди Рама, преку Твитер извести дека соседните, но и други држави нуделе помош за справување со трагедијата од земјотресот кој го погоди Драч, а се почувствува во други пет држави.
Премиерите на Италија и Грција, Џузепе Конте и Киријакос Мицотакис веќе испратиле авиони со тимови на специјалци за помош на населението и институциите.
Претседателите на Франција и Турција му се јавиле лично на Рама и му изразиле подготвеност за секаква потребна помош, а амбасадите на ЕУ и САД тоа го направиле уште порано, пишува Рама.
Тој додава дека претседателот на Косово, Хашим Тачи, од раните утрински часови го известил дека ги активирал специјалните единици на Безбедносните сили на Косово ги упатил кон кризните региони за дапомагат во извлекување на луѓето од урнатините.
Рама изјави дека во секој миг расте бројот на држави кои изразуваат подготвеност и нудат секаква помош, додека на терен се работи интензивно во секоја точка каде има урнатини и во секоја зона каде граѓаните имаат здравствени и други потреби.
Рама побара од граѓаните трпение и солидарност во овие тешки мигови, ветувајќи дека државата ќе го даде максимумот за да се олеснат последиците.
А.З.