ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Угостителите не прифаќаат средба без Битиќи, бараат присуство на состанокот со стопанските комори

January 28, 2021 15:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи утре не ќе можел да присуствува на средбата со угостителите во 14:30 часот, но неговиот Кабинет не ја откажал, туку предложил средбата сепак да се одржи, со некој од соработниците. Угостителите не го прифаќаат ваквиот предлог, со образложение дека не скааат да бидат нечиј декор. Тие бараат да присуствуваат на средбата во Владата со четирите стопански комори што е закажана за 10 часот претпладне.

Како што соопшти денеска претседателот на Независната угостителска комора (НУК), Здравко Јосифовски, претставниците на угостителите не сакаат само да се сликаат и да бидат нечиј декор, односно да присуствуваат на средба на која ќе се зборува за нешто што е веќе дефинирано.

– Од Кабинетот на вицепремиерот се јавија да ја откажат средбата зашто Битиќи не е тука. Со оглед дека ние не договаравме средба со претставници од Кабинетот на Битиќи, сметаме дека на таква средба не треба да одиме. Не сакаме да бидеме присутни само како декор, за да се сликаме и да излезе во јавност дека сме преговарале за нешто што е веќе завршено. Не гледаме причина зашто би оделе со некој друг да разговараме, кога одговорниот што го води петтиот пакет мерки не е тука, рече Јосифовски.

Според него, на средбата со коморите ќе се зборува за петтиот антикризен пакет мерки кој е веќе донесен, но без угостителите и музичарите.

Сепак, НУК има информации дека ќе продолжи субвенцијата за плати во угостителската индустрија.

-Она што го знаеме е дека субвенцијата за плати ќе продолжи за угостителската индустрија. Очекуваме да бидат без услови, односно секој угостител за секој вработен да може да ја добие соодветната субвенција – поддршка за покривање на загубите на угостителите во висина на 20-те милиони евра што ги баравме за сите 6.500 угостителски објекти, да се донесе одлука и да биде сукцесивно распределена од 1.000 до 5.000 по угостителски обејкт, рече претседателот на НУК.

Комората, напомена Јосифовски, останува на своите барања.

-Со носење субвенции за еден или два месеца не значи дека работата е завршена. Поддршката, посебно за платите во угостителската индустриија, треба да трае до завршување на пандемијата, напомена Јосифовски.

Субвенции, смета НУК, треба да има и за ноќните клубови, за рестораните кои организираат прослави и настани, но и за естрадните уметници кои се исто така загрозена категорија со оглед дека нивните настапи во корона кризата не се дозволени.

 

/МИА/
Next Post

Спасовски: Приведени се вкупно четири лица за случајот Јавна соба, се бара кој ја креирал групата

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk