ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Преговарачката рамка да се фокусира исклучително на реформите, а не на историјата

January 29, 2021 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние сме посветени да го почнеме пристапниот процес. И ќе останеме упорни во барањето на достоинствено, европско решение на предизвикот со кој се соочивме. Клучна е политичката волја, и мислам дека треба да се обидеме како општество, како нација, не само државата, пред се Владата, медиумите и граѓанското општество да направиме напредок во европеизацијата без разлика што во моментов не сме во пристапниот процес.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма.

-Не сакам да го потценам пристапниот процес, неговото значење е огромно и е веројатно најдобрата алатка што постои за една земја да се реформира. Ако ја имате при рака алатката сте го почнале пристапниот процес, тоа само по себе не гарантира дека таа трансформација ќе биде успешна ако нема вистинска политичка волја пред се во владата на одредена земја дека работите ќе одат доволно брзо и квалитетно во вистинска насока, рече Димитров.

Посочи дека исклучително важно е преговарачката рамка да се фокусира на напредокот во реформите, а не во неа историјата да добие централно место.

– Преговарачката рамка е прашање за кое се уште поради соседна Бугарија нема консезус меѓу земјите-членки. За пристапниот процес да европеизира исклучително важно е преговарачката рамка да се фокусира на напредокот во реформите. Ако историјата добие централно место во преговарачката рамка, тогаш прашање е дали и во која мера еден таков процес ќе европеизира или пак ќе балканизира, подвлече Димитров.

Според него, оттаму е многу важно и нашите пријатели во Брисел и во земјите-членки да помогнат овој пристапен процес навистина да биде заснован на мерит и навистина да значи носење на европските принципи и стандарди во Северна Македонија.

-Нашиот напредок од идната преговарачка рамка мора да зависи од тоа колку успешно ги носиме дома европските директиви и ги имплементираме, колку успешно се бориме против корупцијата, колку ни се слободни медиумите а не од тоа, на пример, ја спомнав историјата, колку и како испорачува комисијата за историско образовни прашања меѓу нас и другата страна, во случајот Бугарија. Оти ако од тоа зависи напредокот, тогаш е прашање дали и што сме направиле од пристапниот процес во смисла на реформска алатка. Јас мислам дека време е да покажеме дека можеме, впрочем ако ги земете предвид политичките критериуми, ние сме дури и нешто напред во однос на вкупната подготвеност и прогрес, дури и во однос на земјите кои со години во пристапниот процес, рече Димитров.

Оцени дека самиот процес на пристапување во смисла на реформска активност е поважен од крајната цел.

-Ние ако утре станеме земја-членка на ЕУ работите нема многу да се сменат. Работите ќе се сменат ако нашето општество стане една нормална европска демократија каде ќе има независно судство, каде слободата на медиумите ќе биде врвен приоритет, каде правната држава ќе овозможи и економски развој и ќе резултира со една просперитетна демократија. Во таа смисла бидејќи процесот е поважен од целта, мислам дека многу ќе си помогнеме ако успееме оваа година да докажеме дека можеме сите заедно како општество да направиме важни чекори напред во клучните области, истакна тој.

Посочи дека тоа ќе биде возможно и ако има притисок и лупа од страна на медиумите, ако има притисок, совети и критики од граѓанските организации, ако, како што рече, знаеме дека јавноста сака и иднината си ја гледа европска, тогаш и политиката и тие што се исклучително и прореформски настроени и тие што тоа го прават на ниво на декларации ќе мора да произведат резултат, ќе имаат таков интерес.

Во однос на неодамнешната посета на Брисел, заедно со шефот на дипломатијата Бујар Османи, Димитров истакна дека ги освежиле нашите позиции. – Мислам дека е корисно повремено освежување на нашите позиции. Има заеднички влог, има огромен интерес во Брисел за успех оваа година јас се надевам дека сите заедно ќе успееме да најдеме европско решение и ќе го надминеме овој предизвик и тоа е добро и за нас и за Бугарија и за регионот и за целата Европска Унија, рече Димитров.

Повтори дека ние не се бориме само за македонскиот идентитет, туку истовремено се бориме и за идентитетот на ЕУ како заедница на вредности, културните и јазичните различности на европскиот континент.

 

/МИА/
Next Post

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пријалаци, тутун, непрехранбени производи и горива

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk