ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Потребни се обуки за инспекторите

January 29, 2021 14:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Потребни се специјализирани обуки за инспекторите и за нивните раководители. Многу проблеми, според инспекторите, се решаваат во од или искуствено, а има недостиг од човечки ресурси, од финансиски средства, има нехармонизирана законска регулатива по која работат и постапуваат…Ова го истакнаа дел од учесниците на денешната онлајн дебата: „Една година од Законот за инспекциски надзор – искуството на инспекциските служби во општините“.

Организатор на онлајн дебатата е НВО Инфоцентарот, која се спроведува во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на локалните инспекторати“, поддржан од Амбасадата на САД.

Претседателката на НВО Инфоцентарот Билјана Бејкова информира дека во рамки на проектот спровеле истражување на јавното мислење на граѓаните за работата на општинските инспекциски служби на национално ниво. Истражувањето било спроведено во мај 2020 година врз 1003 испитаници, а направиле и мапирање на постојната организациска поставеност и функционирање на инспекциските служби во надлежност на општините, како и клучните предизвици и проблеми со кои се соочуваат тие. Додаде дека сите овие материјали можат да се најдат на нивната интернет страница.

Бејкова рече дека според истражувањето, над 40 отсто од граѓаните сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толку граѓани сметаат дека општинските инспектори не се професионални  и ефикасни, и место да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници.  Помалку од 10 отсто од граѓаните изјавиле дека тие или некој нивен близок пријавил проблем кај надлежниот и општински инспектор, а речеси две третини од оние кои пријавиле проблеми во општината се незадоволни од искуството и постапувањето на локалните инспектори.

Учесниците се согласија дека ова е исклучително важно и горливо прашање. Дел од инспекторите кои се вклучија во дебата, истакнаа дека работат чесно, а нивната работа треба да биде јавна и транспарентна за граѓаните да ја разберат, а не да ја деградираат.

Горан Трајчевски, раководител на сектор Инспекторат на Град Скопје смета дека новиот закон бил потребен и ќе носи побрзи решенија.Тој се осврна на воспоставената меѓуопштинската соработка на Град Скопје и десетте скопски општини и информира што досега е направено и како соработуваат.

Според него, ова е најдобар и наједоноставен начин да се срушат урбаните граници меѓу општините во главниот град. Нагласи дека во Инспекторатот на Град Скопје има инспектори со подолго работно искуство и стаж кои, како што рече, им испорачуваат на општинските инспектори еден вид менторство, подобра едукација, поддршка. Смета дека единствено решение за добро функционирање на општинските инспектори е регионализација на општинските инспекторати, односно нивно окрупнување.

Тој нагласи дека професијата инспектор е многу одговорна, подложна на коруптиви елементи, на разни притисоци. Не се согласува дека една година е доволен период за да се види како функионира Законот или пак тоа да го увидат граѓаните.  Според него, потребна е работа, добра координација, да бидат истрајни и ќе бидат почитувани од граѓаните.

Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија во однос на опомената смета дека повеќе се работи за неприфаќање до крај на овој механизам или инструмент од страна на инспекциските служби или инспекторите. Истиот став, според него, го имаат и голем дел од централните инспекциски служби или инспектори на централно ниво дека наводно опомената им создава комлицирана ситуација, а напротив, како што рече, таа треба да го зајакне дополнително принципот на превенција кој државата се обидува да го наметне во работата на инспекциските служби.

Порача дека треба да се работи и да се обучат инспекторите како да го применуваат механизмот опомена.

Next Post

Пендаровски: Ако постои работа што треба да не исплаши од пописот, тоа е бројката на иселени граѓани

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk