Правилото 50-30-20 може да се примени во многу сфери од животот, од љубов до штедење пари. Иако овие две работи можеби на прв поглед се неспоиви, сепак се клучни за среќен живот и добар почеток на промена на навиките.
Експертот за љубовни врски, Венди Атенбери, наведува дека е важно да имате време и за партнерот и за себе. Затоа го предложува правилото 50-30-20.
Ова буквално значи:
- 50% од времето треба да го одвоите за партнерот и вашата врска.
- 30% од времето за пријателите и роднините.
- 20% од времето за себе.
Така нема да имате изговор за да не одите на пијалак со пријателите или на детски роденден.
Не треба да го потценувате ниту времето посветено на врската со партнерот, затоа што истото води и до подобар сексуален живот.
Интересно е дека ова правило 50-30-20 може да се користи и за „планирање на парите“.
Принципот е следен:
- 50% од месечниот буџет го користите за плаќање сметки, храна, превоз и кирија.
- 30% од буџетот го одвојувате за патување, хоби, облека, дружба.
- 20% од буџетот ги тргате на страна и тоа ви е заштеда. Овие пари настојувајте колку може подолго да не ги користите.
Иако можеби времињата и можностите не ви дозволуваат да одвојувате пари на страна, обидете се, колку-толку, на долг рок ова секако ќе ви се исплати.