ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бесими – Брнз: Намалување на корупцијата, поддршка на младите и зголемување на конкурентноста

January 30, 2021 11:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Намалување на корупцијата, поддршка на младите и зголемување на конкурентноста преку раст на продуктивноста и интеграцијата кон евроатланските и регионални пазари, беа дел од темите за кои разменија мислења министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

На средбата Бесими – Брнз, како што соопшти Министерството за финансии, присуствувал и директорот на УСАИД во земјава, Ерик Јановски.

-На средбата беше претставена реформската агенда на Министерството за финанисии, која се заснова на економското заздравување, Програмата за управување со реформите во јавните финансии – ПФМ, либерализацијата и развојот на финансиските пазари и борбата против сивата економија.  Притоа беше презентирана Стратегијата за паметен раст (Smarter Growth) како и столбовите врз кои темели, односно заздравување од ковид-кризата, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инвестиции во човечки капитал, стои во соопштението.

Бесими посочил дека е направен единствен и сеопфатен план на капитални инвестиции кои се од стратешко значење на среден рок, како и дека се преземаат мерки во насока на подобрување на реализацијата на истите. Понатаму, од неговата страна беше истакната заложбата за фискална консолидација на среден рок, односно постепено намалување на јазот помеѓу приходната и расходната страна во Буџетот, во насока на одржување на стабилноста во јавните финансии.

На средбата станало збор и за Договорот за партнерство со САД.

 

/МИА/
Next Post
Протест на жителите на „Индустриска“ во Тетово, поради сообраќајната несреќа предизвикана од пребрзо возење, во која загина 6-годишно девојче, 25 јануари 2021

По протестот на жителите поради прегазеното девојче, сообраќајната полиција ги засили контролите во Тетово

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk