ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата

January 30, 2021 18:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи попладнево се сретна со претставници на Независната угостителска комора (НУК), со кои разговараше за нивните видувања во однос на досегашната поддршка на стопанството преку имплементацијата на четирите сета антикризни мерки, а дискутираа и за предлогот на новиот, петти сет на економски мерки, кој се очекува Владата да го усвои и објави во периодот кој следи.

Битиќи, како што соопштија од неговиот Кабинет, посочи дека Владата уште од самиот почеток, имајќи го предвид глобалното влијание на пандемијата, како и ограничувачките мерки за заштита и превенција од ширењето на коронавирусот, ги детектираше угостителскиот и туристичкиот сектор, како сектори кои имаат негативни последици. Токму заради тоа, додаде Битиќи, Владата досега креираше четири сета на мерки, во кои еден од главните фокуси беше ставен токму на поддршката на угостителскиот и туристичкиот сектор, но и на сите други сектори кои бележеа загуби поради пандемијата.

– Владата работи на сетови на мерки кои ќе ја придвижат економијата напред. Во претходните сетови мерки, угостителството и туризмот беа сериозно поддржани, затоа што државата со уредба го ограничи нивното работење. Во моментов факт е дека угостителите имаат можност да работат, секако следејќи ги протоколите кои комисијата за заразни болести ги предложи, а Владата ги усвои. Со тоа што голем дел од угостителите имаа можност и да ја прилагодат својата работа со воведување на достава на производите до своите клиенти. Во време на оваа светска криза, ние сите се прилагодуваме, но она што е начело кое го имаме од почетокот и кое е зад сите политики кои ги носиме, тоа е солидарноста и правичноста при креирање на мерките. Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата,  подвлече Битиќи.

Владата, како што нагласи, продолжува да биде посветена на отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни, што подразбира консултации меѓу чинителите и инклузивен процес при креирањето и донесувањето на економските мерки. Ова е веќе воспоставена практика, која ќе продолжи и понатаму. Средбите на засегнатите чинители со претставници на Владата, се определуваат по соодветни ресори, за да може да се сослушаат сите, чијшто глас треба да биде слушнат. Сите предлози кои се доставени до Владата и ресорните министерства внимателно и темелно се разгледуваат и консултираат меѓу сите економски ресори, а на крај, се донесува одлука на седница на Владата, како колективно тело кое донесува одлуки со консензус по што тие ќе бидат соопштени пред јавноста.

-Во духот на отворениот пристап на оваа Влада, ги поканувам сите гранкови комори кои чувствуваат дека не се доволно претставени, да се организираат во тело кое тие сметаат дека е соодветно, за да можеме да ја олесниме комуникацијата и да го зголемиме претставувањето на сите оние кои заслужуваат да бидат слушнати, додаде вицепремиерот Битиќи.

Предлогот на петтиот пакет, кој се уште не е финално дефиниран, содржи околу дваесет мерки, кои се таргетирани да ги поддржат најпогодените сектори и граѓани од здравствената и социо-економската криза, со фокус на задржување на ликвидноста на компаниите и спас на работните места, но и да ги стимулираат компаниите да продолжат да се развиваат и растат.

Претседателот на Независната угостителска комората Здравко Јосифовски по средбата изјави дека НУК првпат директно комуницираше со Владата и на некој начин, како што рече, придонесува во носењето мерки за поддршка и помош на угостителската индустрија во земјава.

-Имавме скоро цели два часа разговори, дискусии и појаснувања околу нашите барања, како и презентација на пакетот мерки што ги спрема државата. Од нашите пет барања, трите се скоро во целост исполнети, четвртото барање останува да се доработи, а во однос на петтото немаше. Најверојатно месец јануари на некој начин е изгубен во однос на субвенцијата за плати, но државата работи и вложува напори како да ги надомести во наредниот период, изјави Јосифовски.

Тој информира дека е договорено да се одржи уште една средба со вицепремиерот Битиќи, а доколку условите не дозволуваат поради протоколите и бројот на учесници, средбата може да се одржи и виртуелно.

-Од денеска може да сметаме дека ќе влијаеме и ќе учествуваме активно во сите следни мерки доколку има потреба да се донесуваат. Договорено е во соработка со сите комори, гранкови и останати здруженија во наредниот месец да се формира ново тело, кое еднаш месечно ќе има задача по принципот на четирите стопански комори, да комуницира со Владата, односно со министерот Битиќи се со цел да се работи на унапредување и постигнување подобри резултати и побрзо заздравување на угостителската индустрија, нагласи Јосифовски. Додаде дека задоволни ќе бидат кога реално ќе ги добијат мерките.

 

/МИА/
Next Post

Заев: Десетте приоритети од „Акција21“ се принципите кои ќе нѐ водат оваа година

НАЈНОВО

Преговарачите за спогодбата за загадување со пластика во Женева не постигнаа договор

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
Скриншот

Талибанците ја прославуваат четиригодишнината од враќањето на власт во Авганистан

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Додик е „корисен идиот“ за Вучиќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk