ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Државните ревизори ги објавија општините со најголем процент на загуби на вода за пиење

January 30, 2021 19:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јавните претпријатија низ македонските општини преземаат недоволни мерки и активности за намалување на загубите на вода за пиење, заклучи Државниот завод за ревизија во Конечниот извештај за извршена ревизија на следење на препораките во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“, со цел да се оцени степенот на спроведување на препораките и соодветноста на преземените мерки, информира Мета.мк.

„Од извршениот увид и анализа на податоците ревизорите констатирале дека вкупно исцрпената/зафатената вода во 2019 година изнесува 229.017.078 метри кубни, од кои 63 отсто не е фактурирана. Во тој контекст, ревизорите утврдија дека јавните претпријатија во следниве општини бележат најголем процент на загуби на вода: Дебар – 84 отсто, Долнени – 82 отсто, Гостивар – 81 отсто, Кичево – 77 отсто, Охрид – 72 отсто, Крушево – 71 отсто и Кочани – 70 отсто“, се вели во објавениот Извештај на ревизорите.

Државните ревизори велат дека недоволните мерки и активности што ги преземаат јавните комунални претпријатија на општините доведуваат до помалку пресметани и искажани приходи на јавните претпријатија, помалку пресметан данок на додадена вредност, помалку пресметан, наплатен и уплатен надоместок за водно право во буџетот на државата и прикажан несоодветен финансиски резултат на јавните претпријатија.

Од 19 зададени препораки на централно ниво, Државниот завод за ревизија утврдил дека само 1 препорака е спроведена, а 2 препораки се делумно спроведени. Истовремено, од 11 препораки дадени на субјектите на локално ниво, само 4 препораки се делумно спроведени.

„Нецелосното постапување по дадените препораки дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор предизвикува помалку уплатени средства во Буџетот на РСМ во износ од најмалку 204.713 илјади денари или изразено во евра од 3,3 милиони евра како неуплатен надоместок за водно право од страна на јавните претпријатија даватели на водните услуги, а кој бил наплатен од крајните корисници (правни и физички лица)“, наведуваат од Државниот завод за ревизија.

Воедно, јавните претпријатија имаат искажани обврски за пресметани, а неуплатени надоместоци за водно право во износ од најмалку 6,9 милиони евра, што претставува потенцијален приход за Буџетот на РСМ.

Инаку, „Мета.мк“ со месеци наназад пишува за загубите на вода во македонските општини. Веќе пишувавме дека одредени општини имаат огромни загуби на вода, во случај кога жителите на локални самоуправи како Тетово и Неготино речиси секоја година се соочуваат со рестрикции за вода за пиење. Најголемиот проблем е што со ваквата нерационалност се троши неповратно водата за пиење, која е најважниот ресурс на човекот. Веќе пишувавме дека намалувањето на загубите на вода за пиење е за 40 пати поевтино од барањето на нови извори на питка вода.

Нефактурираната вода за пиење ги опфаќа физичките губитоци на вода, комерцијалните губитоци на вода поради нелегалната потрошувачка, неточност на водомерите, грешка при ракување со податоци и нефактурирана легална потрошувачка на вода за пиење. Во нефактурираната вода влегуваат измерената и неизмерена вода за тековно санирање и испирање на резервоари, фонтани и јавни украсни чешми, полевање на јавни површини, дрвореди, булеварско зеленило и миење на улици.

Next Post

Бугари фалсификувале пасош на Силвестер Сталоне

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk