Бројот на жртви од силниот земјотрес се искачи на девет, додека бројката на луѓе кои се хоспитализирани е 600. Две нови жртви се чини се наоѓаат под урнатините на хотел во зоната на Голем- Драч, пренесе Слободен печат.
Три од жртвите се од Драч, а меѓу нив има и едно девојче и тинејџерка. Трите други лица го имаат загубено својот живот во Тумана, додека едно лице го загуби животот откако скокна од балконот. Исто така во Тумана се спасени 20 лица. Повеќе од 10 луѓе се наоѓаат под рушевините во Драч, а спасувачките екипи од рано утрово со сиот напор се обидуваат да ги спасат истите.
Регистрирани се големи материјални штети додека наставата е прекината за денеска и утре. Најсилниот земјотрес беше со јачина од 6.4, додека по него имало дестици со магинтуда до 5.4 степени според Рихтеровата скала.
Овој земјотрес, е најсилен по оној во 1979 година.