Се бараат сите договори за вработување, договорите за доверливост, исплати на плати, надоместоци и бонуси. Русковска ќе испитува дали имало финансиски злоупотреби.
Истражители по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција влегоа во зградата на СЈО за да ги приберат документите потребни за финансиската истрага – дознава ТВ 24 од свои извори.
Се бараат сите договори за вработување, договорите за доверливост, исплати на плати, надоместоци и бонуси. Русковска ќе испитува дали имало финансиски злоупотреби.
Ова е реакција откако базата на „Отворени финансии“ исфрли на површина дека Катица Јанева зела 157.000 илјада евра додаток за доверливост во својот четири годишен мандат.
Беа објавени и сумите кои се движат помеѓу осумдесет и сто илјади евра на останатите обвинители, но и десетици илјади евра додатоци за истражители и соработници на ова обвинителство па дури и новинари.