Министерството за одбрана на Албанија потврди дека бројот на загинати воземјотресот се искачи на 15. Меѓу загинатите има и едно девојче, како и маж кој во паника скокнал од тераса. Деветмина се од околината на Драч, петмина од Туман и еден од Курбин, пренесе Клан Албанија.
Најсилниот потрес се случи во 04:00 часот, а по него следувале уште неколку послаби. Епицентарот на земјотресот бил на 30 километри западно од главниот град Тирана, на длабочина од само 10 километри.
По 20 минути од силниот земјотрес во Албанија, родени биле близначки во породилиште, пренесе Фокус.
Во меѓувреме гинекологот Аника Докле изјави дека 20 минути по силниот земјотрес што ја погоди Албанија, родени се близначки.
– Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилиште. Близначките се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобар симбол на континуитетот на животот. Немам зборови!, напиша Докле на Фејсбук, без да прецизира каде се родени близначките.