ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Професионалните војници после 45-тата ќе можат да продолжат и како пожарникари во ТППЕ

February 1, 2021 14:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професионалните војници со навршени 45 години старост, меѓу останатите опции, ќе имаат можност и за префрлување во територијалните против-пожарни единици на работни места пожарникари-спасители. Веќе 16 поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат како пожарникари и тоа осум лица во Скопје, пет лица стануваат пожарникари во Кичево, а тројца од нив во општина Валандово.

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ денеска на прес-конференција соопшти дека Министерството за одбрана посветено работи на спроведување на законската обврска околу грижата за професионалните војници коишто со навршени 45 години возраст ја напуштаат Армијата. 

 -Од денеска отвораме нова можност за нашите досегашни колеги со трансфер во против-пожарната дејност во Републиката. Со оваа опција, го зајакнуваме составот на против-пожарните територијални единици во Републиката со високопрофесионален, подготвен кадар, а од друга страна им обезбедуваме продолжување на работен ангажман на нашите колеги до остварување на услови за пензија со што нивното егзистенцијално прашање е затворено, истакна Николиќ.

Државниот секретар информираше дека паралелно со новата можност се реализира и трансферот на професионалните војници и во други органи на државната и локалната власт согласно законот и потребите.

Во моментот се реализира преземање на професионалните војници и во Управата за извршување на санкции, на работни места затворски надзорници во неколку Казнено-поправни установи во Републиката и тоа во Идризово, Штип, Куманово, Велес. Во тек е и административна постапка за преземање на нашите колеги во судовите низ државата, на работни места припадници на судска полиција, појасни Николиќ.

Согласно годишниот план за 2021 година за преземање и прераспределување на поранешните професионални војници со наполнети 45 години возраст, Николиќ рече дека дел од нив остануваат и како цивилни лица на служба во Армијата, но и дека се водат разговори и со други институции за отворање нови можности за нивниот трансфер.

 

/МИА/
Next Post

ССМ бара да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk