ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ бара да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати

February 1, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати. Смета дека петтиот пакет мерки треба да биде насочен кон зачувување на работните места и заздравување на економијата со цел полесно надминување на кризата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски на денешната седница на Економско-социјалниот совет ги изнесе предлозите на Сојузот пред останатите социјални партнери и уште еднаш истакна дека со петтиот пакет мерки задолжително мора да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати за да не бидат доведени во прашање работните места на работниците во погодените сектори.

– Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги извршуваат деловните потфати поради вирусот или ќе ги извршуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците, субвенционирањето на платата да продолжи онаму каде што производството е намалено како што е утврдено и со четвртиот пакет мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците, работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина на нивната плата, без нејзино намалување и истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по кој било основ, како и да имаат право на платено на породилно отсуство, се дел од предлозите на ССМ доставени до Владата.

ССМ повторно предлага и надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од КОВИД, изолација и самоизолација да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон, како и насочување кон спроведување јавни набавки од страна на државните органи, исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите.

 

/МИА/

Next Post

Царовска: Сексуално образование во второ одделение е лажна вест, да се следат официјалните информации

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk