Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски вечерва во невникот на Сител изјави дека триплиран е буџетот на Антикорупциската комисија, а сите институции кои треба да се борат против корупција се очекува дигитално да се поврзат за поголема ефикасност во борбата против корупцијата.
„Ние постапуваме и по предмети за кои ДКСК нема информации, но секако секогаш сме отворени за било која иницијатива на сите оние институции кои имаат надлежности, без оглед за кого станува збор“, потенцира Николовски.