ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Манифестацијата „Прличеви беседи“ и во услови на епидемија во чест на охридскиот поет и преродбеник

February 2, 2021 11:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Охрид и во услови на епидемија достојно ќе ја чествува 128-годишнината од смртта големиот поет и преродбеник Григор Прличев и 160-годишнината од создавањето на неговата поема „Скендербег“.

Центарот за култура и библиотеката од Охрид што го носат неговото име на 5 февруари и во сложени здравствени услови ќе ја одржат традиционалната манифестација „Прличеви беседи“. Настанот ќе биде отворен во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура, а точно на пладне е Свеченоста посветена на лауреатот на наградата најдобра поема за 2020 година – Лилјана Пандева. Нејзината поема „Капетаните“ беше прогласена за најдобра на отворениот конкурс што секоја година се распишува во чест на Прличев. Стручното чири за нејзиното дело вели дека претставува еден вид посвета на Прличевиот поетски подвиг, поема конструирана низ своевиден паралелизам преку композициска, структурна, поетичка и содржинска аналогија со поемата „Сердарот“ на Прличев.

Во организација на Националната библиотека од 13 ќе се одржи промоција на најновата книга на проф. д-р Вера Сточевска – Антиќ „За Прличев и неговиот XIX век“ во која како приредувач се јавува м-р Милчо Јованоски. Промотор ќе биде проф. д-р Димитар Пандев.

Книгата е симбиоза од научно–истражувачки текстови од д-р Стојчевска – Антиќ објавувани и презентирани во период од близу 40 години наназад на разни домашни и меѓународни конференции и настани и поводи. Од нив извира поврзаноста на Прличев со Св. Климент и неговото силно влијание врз одредени слова кои се мотивирани од заеднички извори. Трудот на д-р Стојчевска – Антиќ ги бара постојните преоди на нашиот јазик од времето на старословенскиот литературен јазик, кој во разните словенски средини преминува од 12 век во црковнословенски, за да се дојде до 19 век со потреба од изрaзување на сопствен литературен јазик, различен од бугарскиот, од српскиот, а разбирливо тоа е евидентно и со грчкиот јазик.

Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска – Антиќ книгата содржи и 13 автографски записи, документи, мислења од м-р Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (прв пат во печатена форма) за најстарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев и ред негови мисли, за Прличевите визити, за добитниците на наградата за најдобра поема…

Авторката и приредувачот, во книгата создадоа концепт кој ги спои минатото и сегашноста со надеж дека така ќе привлечат внимание од јавноста и читателите за нов прочит на големиот Прличев. Оваа „книжевна читанка“ истовремено е мал туристички водич низ Охрид. Издавач на книгата е НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид со финансиска помош на Министерството за култура и општина Охрид.

Во деновите пред беседите библиотеката на својата обновена интернет-страница ќе ја постави и сподели со посетителите на сајтот документарната снимка извлечена од архивата на МТВ – ТВ Скопје, а посветена на манифестацијата „Прличеви беседи“ во 1968 година, кога беше одбележана 75-годишнината од смртта на Прличев. Истовремено на сајтот www.bibliotekaohrid.mk ќе бидат споделени аудио изданијата „Сердарот“ и „ Автобиографијата“ кои се дел од архивираниот серијал „Звучна библиотека“ проект поддржан од Министерството за култура, а реализиран од страна на охридската библиотека. 

Next Post
Прилеп (Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн)

Намален бројот на нови случаи од Ковид-19 во Прилеп, за една седмица 44 новозаразени и четири починати

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk