ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Податоците од пописот се основата за креирање на нашата заедничка иднина, за перспективите на нашите граѓани и државата 

February 2, 2021 13:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот на населението, домаќинствата и становите кој ќе се спроведе во април 2021 година ќе ги даде сите потребни одговори во однос на обезбедување квалитетни статистички податоци кои се клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата. Пописот не е и не смее да биде политичка операција, туку независна статистичка операција, организирана согласно стандардите не Обединетите нации и според правилата на Евростат, статистичка операција која ни недостига речиси 20 години, пишува во соопштението на Владата на Р.С.М.

„Пописот годинава ќе се спроведе со значително помалку средства споредено со последниот неуспешен обид за попис, поевтино од што се предлагаше, а се спроведува со најмодерните алатки и технологии.

Пописот е задолжителна активност и законска обврска за сите лица и домаќинства.

Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, пописот се споменува како важна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана. Поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите со ЕУ.

Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наша должност, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца.

Преку одговорното учество граѓаните ќе придонесат во ажурирање на податоците, со цел да обезбедиме факти наместо претпоставки, да обезбедиме податоци важни за општините, за бизнис заедницата, за невладиниот сектор и секој граѓанин како дел од нашата држава.

Ажурираните податоци, кои ќе ги обезбедиме преку пописот, овозможуваат општините да го планираат својот развој, условите за инвестициите, буџетските средства и ќе можат да ја зголемат прегледноста врз основа на која ќе ги планираат буџетските средства и средствата  од ЕУ фондовите.

Методологијата и темите на пописот се дефинирани од страна на меѓународните статистички тела и се рефлектираат и во законодавството на ЕУ.

Програмата за попис на населението и домаќинствата во 2020 година е координирана од страна на Статистичката комисија на Обединетите нации и Конференцијата на европски статистичари на UNECE. Принципите и препораките за 2020 година беа одобрени уште во 2015 година.

Државниот завод за статистика ги има сите професионални и стручни капацитети и е подготвен успешно да одржи и спроведе попис согласно стандардите на Обединетите нации и на Евростат.

Пописот 2021 за првпат дава можност да се попишат и нашите граѓани и нивните домаќинства во странство. Ова ќе овозможи давање приказ на миграциските движења, што е добра основа за градење стратегии и политики за успешно запирање на овој процес“, пишува во соопштението.

Пописот 2021 е нашата заедничка иднина, која ни отвора европска перспектива за нашата држава и за нас лично како нејзини граѓани.

 

Next Post
Фото: илустрација

Кавадарчанка пријавила дека била физички нападната од помалиот брат

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk