ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Предложените реформи се во целосна согласност со препораките на Светска банка

February 3, 2021 10:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Предложените реформи во основното образование се во целосна согласност со препораките на Светска банка, објавени во последната белешка која се однесува на основното образование во Северна Македонија. Светска банка препорачува создавање подобар образован систем во кој учениците ќе бидат во фокусот, а наставниците ќе добијат поддршка, како и подобрување на условите во училиштата со што ќе се обезбеди инклузивен пристап, информира Министерството за образование и наука.

Посочува дека предложената концепција за основно образование предвидува развој на критичкото размислување кај учениците, како и поврзување на знаењата низ различни дисциплини низ интеграција на предмети, што е препорака и на Светска банка.

– Преку наставната програма учениците мора да се стекнат со вештини што им се потребни за да се развие нивното критичко мислење, како и да бидат активни и релевантни учесници во општествениот живот. Исто така, треба да им се помогне на учениците подобро да ги поврзат различните предмети и да го применат своето знаење во реални ситуации. Процесот на учење треба да биде организиран на начин што овозможува да им се слушне гласот на сите ученици и врз основа на повратните информации, да бидат свесни за постапките што ги презеле, стои во документот на Светска банка, наведува МОН во соопштението.

Според Банката, додава МОН, инвестирањето во основното образование е докажано дека дава поголеми резултати споредено со подоцнежните степени на образование и обука и има одлучувачки придонес во развојот на човечкиот потенцијал.  Министерството наведува дека во своето писмо тие се осврнуваат на важноста за обезбедување кариерен развој за наставниците и дека тоа е веќе предвидено со реформите.

– Наставниците се срцето на процесот на учење и треба постојано да се поддржуваат и зајакнуваат. Оваа поддршка значи овозможување за напредување во кариерата како основа за градење  капацитети и обезбедување постојан професионален развој, така што ќе можат подобро да ги утврдат и да ги разберат потребите за учење на учениците, особено на оние во ризик. Сите овие чекори треба да им помогнат на наставниците да станат подобри и поефективни едукатори – стои во белешката на Светска банка, посочува МОН во соопштението.

МОН додава дека во сите овие елементи, кои се дел и од предложената реформа  за основно образование, според Светска банка ќе се намалат последиците од КОВИД-19 врз образованието, а кризата ќе се искористи како можност за напредок.

Next Post

Прогонот на Навални ќе влијае на политиката на САД кон Русија

НАЈНОВО

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025
ФОТО: РФМ

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Јаник Синер со двоен триумф: Победа во финалето во Париз и враќање на врвот на АТП-листата

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk