ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Захариева: Не сме среќни што кажавме „не“, но не можеме да го трпиме тоа што се случува таму

February 3, 2021 10:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија како членка на ЕУ продолжува да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и не се точни и крајно се неосновани тврдењата дека Бугарија влегува во „белградски“ и „странски сценарија“ запирајќи го влезот на Северна Македонија од патот кон членство во ЕУ. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за емисијата „Контракоментар“ на блогерот Асен Генов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа рече дека пред три години по крајот на бугарското претседателство со ЕУ, претседателствата по нив се чувствувале должни да го продолжат тој приоритет и тоа се претвора и во нивен приоритет.

-Колегите од Австрија, Хрватска, Романија, Португалија и Германија, а сега и Словенија, објави дека ќе се занимава со темата, вклучително и Чешка, којашто е по 18 месеци ротациски претседавач. Не сме среќни што требаше да кажеме „не“, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму (Северна Македонија), рече Захариева.

Во однос на позициите на австрискиот канцелар Себастијан Курц и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, дека проширувањето на ЕУ не треба да стане заложник на билатералните спорови и бугарската политика кон С Македонија, Захариева рече дека нерешените прашања треба да се решат претходно и оти Бугарија нема да прави компромис со своите национални интереси.

Според Захариева, бугарската Влада не реагирала официјално за изучувањето на српскиот јазик во С Македонија затоа што тоа е внатрешно прашање. – Тоа е внатрешно прашање, ние не можеме да се мешаме за воведувањето српски јазик и отворање нивен културен центар, тоа е внатрешно прашање. Само сакаме да има и бугарски културен центар, рече Захариева.

Оцени дека „меѓу двете држави нема нормален пат, нема железничка линија и се создаваат административни пречки пред бугарски компании во Северна Македонија, што сакаат таму да инвестираат“.

Потврди дека Бугарија била сојузник на Германија за време на Втората светска војна и дека имало Закон за заштита на нацијата, но бугарскиот народ, дел од пратениците, бугарската Црква и интелектуалци, биле причина да бидат спасени бугарските Евреи од депортација.

-Се гордеам со спасувањето на бугарските Евреи, тоа се вели не само од Бугарија, има признание и од Израел и од сите меѓународни еврејски организации, но во исто време, жалиме за тоа што над 11.400 Евреи не биле спасени на територии што во тоа време биле самоадминистрирани од Бугарија, без да бидат бугарски, рече Захариева.

Според неа, единствената нација во учебниците по историја во Северна Македонија што е претставена како фашистичка е бугарската. -Јас не мислам дека бугарскиот народ е фашистички народ. Тогаш и Италијанците и Албанците исто така треба да бидат посочени како фашисти, затоа што и тие биле сојузник во оној историски момент на Германија, рече Захариева.

Се заблагодари на властите во Скопје за затворање на Фејсбук групите во кои имало говор на омраза против Бугарија, истакнувајќи дека најважно е да ги смириме емоциите и ако не ги решиме проблемите и двете држави ќе загубат. /МИА/

Next Post

Битиќи: Само ние во регионот имаме пет пакети со економски мерки кои даваат ефект

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk