Со транстапаренти „Жртвата никогаш не е виновна“, „Ако не ги казнувате силувачите, вие сте силувачот“, „До кога ќе ме ме уценуваш ако кажам НЕ?“ започна маршот под мото „Јавна соба е кривично дело“ во организација на Платформа за родова еднаквост.
„Повеќе нема молчење. Нема да не залажуваат со бришење на една група и приведување на четворица мажи. Ти не си виновна. Да се пронајдат сите креатори и администратори, а не само групите да се затвораат“, порачаа пред МВР.
Организаторите и поддржувачите бараат од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Организаторите на протестниот марш во соопштението за настанот наведуваат и дека инсистираат сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, како и соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.
Демонстрантите велат дека жртвите на сексуално насилство се плашат да пријават во полиција бидејќи полицијата не постапувала по ваквите пријави.
Протестот заврши пред Основното јавно обвинителство на кои му беше порачано „да се разбуди“.