Сè додека трае кризата владата ќе помага во однос на населението, во однос на стопанството. Целта е поддршка на компаниите во време кога се очекува ревитализација во 2021 година“, изјави заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски во вечерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат ТВ.
Според него, доколку претходните пакети мерки беа во насока да ги надоместат загубите на компаниите и да им дадат поддршка да опстојат во време на најголемата криза, овој пакет е повеќе за да се подигне поголема ревитализација и заздравување на стопанството.
„Проценетата вредност на овој пакет на мерки е меѓу 50-60 милиони евра. Компаниите коишто ќе имаат проблем со исплата на плати, ќе може да аплицираат во Банката за развој, да добијат бескаматен кредит, а оние коишто ќе покажат раст, според критериуми што ќе бидат дефинирани, ќе може да добијат грантова компонента во самиот кредит“, рече Ковачевски.