За декември 2020 година поднесени се 13.721 барање за БППИ/2 на 13.160 работодавачи и исплатено вкупно 961.709,366 денари за 60,974 вработени лица. Со состојба од 1.2.2021 гиодина 306 работодавачи кои што примиле финансиска поддршка 16,305.020 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 992 вработени, истакна директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција на тема „Анализа на искористеност на мерката Финансиска поддршка за исплата на плата за месец декември 2020 година“.
Таа потенцира дека за работодавачите кои не ја исплатиле декемвриската плата изготвени се и доставени опомени. По истекот на рокот на опомената против оние коишто нема да ја исплатат платата ќе следи постапка за присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на управните сметки за јавни приходи, рече Лукареска.
Лукаревска ги издвои работодавачите кои не исплатиле плата по дејности.
„Од трговија на мало се 78 претпријатија кои на 145 вработени не исплатиле плата. 44 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна на 130 вработени не испалтиле плата. Од дејноста градежништво 26 фирми не исплатиле плата на 57 вработени.“, нагласи Лукаревкска
Директорката на УЈП информуираше дека од фкупниот број фирми кои не исплатиле плата 92 се од Скопје, од Тетово 63 и од Гостивар 16 фирми.
„По спроведените активности на УЈП намален е бројот на компаниите кои примија финансиска поддршка за исплата на октомвриската плата а не ја исплатија на работниците, од првичните 179 компании на 11 компанииа за ноемвриската плата бројот е намален од првичните 245 на 24. Кај овие компании активирана е присилна наплата.“, истакна Лукаревска на денешната прес-конференција.
Ј. Ѓорѓиоски





