ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хелсиншки комитет: Итно и неодложно преземање мерки за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица

February 4, 2021 16:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
 Итно и неодложно преземање мерки од страна на Министерството за здравство за обезбедување непречен пристап до здравствена заштита на сите осудени лица, обезбедување хигиенски пакети за осудените лица во сите установи и подобрување на хигиената во Затворот Тетово, Затворот Битола и Затворот Куманово, а со цел спречување ширење на КОВИД-19, се дел од препораките произлезени од првиот Извештај за состојбата и условите во казнено- поправните и воспитно- поправните установи во РСМ за периодот 1 август – 1 октомври 2020.

Од Хелсиншки комитет за човекови права информираа дека Извештајот се базира на теренски посети, извршени од страна на нивни претставници и на Македонското здружение на млади правници, во сите 11 казнено-поправни установи и воспитно-поправниот дом во државата.
– Извештајот содржи детален приказ на состојбата во установите во кои се извршени посети, материјалните услови во кои осудените лица издржуваат казна затвор, хигиената во установите, контактите со надворешниот свет, пристапот до здравствена заштита, процесот на ресоцијализација, како и внатрешниот механизам за заштита, пријава и гонење на сите случаи на тортура и нечовечко постапување во установите. Воедно, дадени се и препораки за секоја казнено-поправна и воспитно-поправна установа, како и генерални препораки за надлежните институции во насока на подобрување на состојбите и условите во овие установи, посочија од Хелсиншкиот комитет.
Во Извештајот се нааведува дека во случај на ограничување на физички контакти на осудените лица со надворешниот свет, Управата за извршување на санкции треба и натаму да продолжи со изнаоѓање на алтернативни начини за контакт на осудените лица со нивните блиски.
– Обезбедување простории за самоизолација на лицата кои ќе покажат симптоми на КОВИД-19 во

рамките на секоја казнено-поправна и воспитно-поправна установа. Просториите треба да се во согласност со меѓународните стандарди. Евидентирање на сите пријави за тортура, малтретирање и нечовечко постапување спрема осудените лица, без разлика дали е тоа од страна на вработените лица во установата или меѓу осудените лица. Информирање на осудените лица за нивните права преку информативни летоци, постери, брошури и слично кои ќе бидат видно истакнати во сите казнено-поправни установи, стои во препораките на Извештајот.

Од Комитетот препорачаа дека треба да се обезбедат соодветни материјални услови во установите со цел овозможување на хуман третман на осудените лица.

Истакнаа дека е потребно ангажирање соодветен кадар во установите во поглед на ресоцијализацијата и развивање и имплементирање на соодветни програми за ресоцијализација.

– Овозможување пристап до образование, особено за децата лишени од слобода (оваа година била
спроведена настава само за основно образование во Затворот Охрид и ВПД Тетово кое функционираше во рамки на Затворот Охрид). Долготрајно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Затворот Куманово имајќи го предвид фактот дека водата е основно човеково право, а немањето пристап до вода, особено во услови на пандемија, претставува живеење во нехумани услови за осудените лица. Преземање напори за работно ангажирање на осудените лица и развивање на работни вештини
кои ќе им бидат од корист по истекот на издржување на казната затвор, се посочува во препораките од Извештајот.

Од Хелсиншкиот комитет наведоа дека соработка помеѓу центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување со цел постпенална помош на осудените лица.

– Обезбедување соодветни услови за децата кои издржуваат казна затвор во Затворот Охрид, кои
моментално се спротивни на сите меѓународни стандарди.  Потребно е отворање на сосема нов објект или преместување на децата во ВПД Волковија. Обучување и сензибилизирање на затворската полиција за работа со деца, се посочува во препораките од Извештајот.

Во прилог е целиот Извештај за состојбата и условите во казнено- поправните и воспитно- поправните установи во РСМ за периодот 1 август – 1 октомври 2020: https://mhc.org.mk/wp-content/uploads/2021/02/izvestaj-helsinski-popravni-domovi-mk.pdf.

 

/МИА/
Next Post

Здружението „Борка“ започна кампања по повод Светскиот ден за борба против ракот (ВИДЕО)

НАЈНОВО

БМВ планира ривал на Г-Класа за 2029 година

August 14, 2025

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk