ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Треба да ја прифатиме реалноста и почнеме да работиме сите заедно, порача вицепремиерот Николовски во однос на извештајот на Глобалниот индекс на демократија

February 4, 2021 19:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Апсолутно 2020 година сите ја паметиме како година во која оваа опозиција го блокираше работењето на Собранието и многу процеси во време на пандемијата и тоа извештајот го нотира, како што ги нотира успешноста на изборите и воспоставувањето на институциите и механизмите на демократијата, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчo Николовски, во однос на оценката „хибриден режим“ на Глобалниот индекс на демократија.

Треба да ја прифатиме реалноста, посочи Николовски во своето гостување на Телевизија 24, и да почнеме да работиме сите заедно во еден ист правец за сите овие забелешки во извештајот.

– Мора да најдеме сите разбирање, затоа што сме на истата страна. И граѓаните и невладинте организации и сите кои ја следат оваа проблематика. Верувам дека веќе следната недела ќе имаме конкретен план по однос што е се детектирано и што се треба да направиме. Сите овие препораки ќе бидат проследени до Владата и ќе бидат задолжени министерствата и институциите, затоа што дојде ред храбро и решително да се зафатиме со решавање на ова болно прашање, изјави Николовски.

Оценката од 3,13 за политичка култура, која е потенцирана во извештајот, посочи Николовски, е токму поради состојбата што ја имавме изминатата година, како неодговорното однесување на некои владини функционери кои беа дел од техничката влада, непочитувањето на мерки и протоколи и се што беше битно, а на некој начин беше нагласено од опозицијата.

– Постојано повикувавме на одговорност, на високи стандарди, кој треба да ги воспоставиме во критичен период кога немавме собрание, кога државата беше блокирана, но имавме постојано тактизирање се со цел партиските да бидат пред останатите интереси. Како нова генерација треба да повикаме на нови вредности и обединување за клучните работи, изјави Николовски.

Извештајот, посочи Николовски, се поклопува со приоритетот на Владата, бидејќи ги знаеме проблемите и што доаѓа на ред да го решиме во општеството. /MИА/

Next Post

Филипче: Се крати времето на чекање за зрачна терапија, наскоро оддел во ГОБ „8 Септември“

НАЈНОВО

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кои се најстарите суштества што живеат на Земјата

November 5, 2025

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk