„Транспарентноста ни е важна, сакаме и општините да се отворени како Владата, а граѓаните да се во тек со сите одлуки, со сите политики кои го подобруваат нивниот живот. Сите општини ќе мора да објават 22 документи од нивното работење, за да можат да аплицираат за проекти, за пари. Ова ќе биде обврзувачки за да ги отвориме општините кон граѓаните. Граѓаните мора да ги знаат сите информации и за општините и за Владата. Постојано работиме во области во кои граѓаните никогаш немале допир, ниту информации. 11 години институциите беа узурпирани, сега ги отвораме, ја вративме демократија, ја вративме слободата.“- изјави вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во емисијата 24 Анализа, на ТВ 24.
Во контекст на транспарентноста, Николовски истакна дека внимание се посветува и на јавните набавки.
„Мониторингот на јавните набавки да биде транспарентен, и таму имаме напластени проблеми. Даваме максимална поддршка и на овој процес, да се запрашаме дали неколкумина ги водат работите во Бирото за јавни набавки и апсолутно да имаме нови механизми при набавките, постојано ќе правиме притисок за да се смени нешто и таму.“- истакна Николовски.







