#FrontAction
Живееме во време полно турбуленции, заглавени сме во тунел полн надојдени води и секој еден од нас на дневна основа се бори со водите што наидуваат. Не сомнено ова за сите нас се најтешките години. Заглавени сме во нашите мисли – и некако се учиме да го смениме нашиот начин на живеење. Но тоа – оди тешко.
Длабоко мечтаам да седнам во кафеана со цело мое друштво, да слушам тамбура и да пијам винце, да ги гушнам и да им кажам колку ги сакам – и навистина колку се сме земале здраво за готово. Многу е скапа слободата. Барем оваа сега, чини здравје и некоклу тони нерви.
Деновите се еднолични, луѓето отуѓени и повлечени.
Затоа сметам дека е време да бидеме нежни со себе – но, и нежни со другиот – за да можеме да извадиме жива глава од лудилово.
Сите сме ја слушнале поговорката: „Убав збор отвора железна врата“. Тој убав збор станува сè поредок. Кога последен пат љубезно ви се обрати некој што не го познавате? И уште поважно – кога последен пат сте кажале убав збор или неочекуван знак на внимание некому, кога последен пат прашавте некој “КАКО СИ”?
Можеби се прашувате зошто тоа воопшто би било важно во вакво лудо време но јас сметам дека тоа е повеќе од важно. И тоа повеќе отколку што можете да замислите!
Љубезноста е во директна пропорција со нашето чувство на среќа и задоволство. Ова го потврди истражувањето на британскиот лекар Дејвид Хамилтон, авторот на книгата „Зошто добрината е добра за вас“.
Тој вели “Кога човекот е љубезен кон другите, неговиот мозок лачи допамин, кој е тесно поврзан со позитивното размислување и ендорфин, хормон во мозокот што нè прави посреќни.Љубезноста ослободува и окситоцин кој го намалува крвниот притисок и го смирува нервниот систем. Студијата покажува дека љубезноста влијае позитивно и на кардиоваскуларниот систем” со тоа заклучуваме дека не сме само љубезни кон другиот туку и кон себе си.
Дали денес прашавте некого како сте? Ако не сте, сè уште имате време да прашате некого што ви се допаѓа – како сте? А уште поважно е дали себе си си признавте како сте?
Бидејќи ако не почнеме да копаме по сопствените урнатитни никогаш нема да го разбереме другиот.
За да бидеме добро – време е да си подадеме рака, и сложно да го испливаме морето очајнички денови.
Бидејќи на крајот секогаш победува доброто – на крајот секогаш се има смисла.
Време е за да слушаме. И себе си и другите. Да не осудуваме, да не омаловажуваме, да бидеме добри и љубезни. Да бидеме свои, да бидеме луѓе во суштината на зборот.
За светот повторно да замириса на љубов.
Ве сака,
В.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Б. Ј.