ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ FRONTACTION

Владанка Димковска: Кога последен пат прашавте некого “Како си”?

Гневот ќе се смири кога светот ќе замириса на љубов.

February 4, 2021 20:42
in FRONTACTION, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Владанка Димковска

Владанка Димковска

Share on FacebookShare on Twitter

#FrontAction

 

Живееме во време полно турбуленции, заглавени сме во тунел полн надојдени води и секој еден од нас на дневна основа се бори со водите што наидуваат. Не сомнено ова за сите нас се најтешките години. Заглавени сме во нашите мисли – и некако се учиме да го смениме нашиот начин на живеење. Но тоа – оди тешко.

Длабоко мечтаам да седнам во кафеана со цело мое друштво, да слушам тамбура и да пијам винце, да ги гушнам и да им кажам колку ги сакам – и навистина колку се сме земале здраво за готово. Многу е скапа слободата. Барем оваа сега, чини здравје и некоклу тони нерви.

Деновите се еднолични, луѓето отуѓени и повлечени.

Затоа сметам дека е време да бидеме нежни со себе – но, и нежни со другиот – за да можеме да извадиме жива глава од лудилово.

Сите сме ја слушнале поговорката: „Убав збор отвора железна врата“. Тој убав збор станува сè поредок. Кога последен пат љубезно ви се обрати некој што не го познавате? И уште поважно – кога последен пат сте кажале убав збор или неочекуван знак на внимание некому, кога последен пат прашавте некој “КАКО СИ”?

Можеби се прашувате зошто тоа воопшто би било важно во вакво лудо време но јас сметам дека тоа е повеќе од важно. И тоа повеќе отколку што можете да замислите!

Љубезноста е во директна пропорција со нашето чувство на среќа и задоволство. Ова го потврди истражувањето на британскиот лекар Дејвид Хамилтон, авторот на книгата „Зошто добрината е добра за вас“.

Тој вели “Кога човекот е љубезен кон другите, неговиот мозок лачи допамин, кој е тесно поврзан со позитивното размислување и ендорфин, хормон во мозокот што нè прави посреќни.Љубезноста ослободува и окситоцин кој го намалува крвниот притисок и го смирува нервниот систем. Студијата покажува дека љубезноста влијае позитивно и на кардиоваскуларниот систем” со тоа заклучуваме дека не сме само љубезни кон другиот туку и кон себе си.

Дали денес прашавте некого како сте?  Ако не сте, сè уште имате време да прашате некого што ви се допаѓа – како сте? А уште поважно е дали себе си си признавте како сте?

Бидејќи ако не почнеме да копаме по сопствените урнатитни никогаш нема да го разбереме другиот.

За да бидеме добро – време е да си подадеме рака, и сложно да го испливаме морето очајнички денови.

Бидејќи на крајот секогаш победува доброто – на крајот секогаш се има смисла.

Време е за да слушаме. И себе си и другите. Да не осудуваме, да не омаловажуваме, да бидеме добри и љубезни. Да бидеме свои, да бидеме луѓе во суштината на зборот.

За светот повторно да замириса на љубов.

 

Ве сака, 

В.

 

камера: Атанас Петровски

монтажа: Б. Ј.
⁣

Next Post

Вечерен преглед: Николовски: Ќе им „дишам во врат“ на корумпираните, НАТО донира опрема на министерството за здравство, Николовски: Политичката некултура го симнува нивото на демократија, а за тоа добро се грижи опозицијата

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk