Сите сме сложни дека ни се неопходни промени во образованието, рече Споменка Лазаровска, од Фондацијата Отворено Општество на денешната јавна расправа за концепцијата во Собранието, дознаваме од МОН
“Новата концепција нуди современ пристап на учење, нешто што е многу важно. Оваа концепција е добра затоа што го намалува фактографското учење, а истовремено се поттикнува креативноста и критичното мислење и децата ќе учат како да учат”, рече Лазаревска.
Лазаревска вели дека Фондацијата го поздравува тоа што за првпат се воведува флексибилност и настава којашто предвидува избор.
“Им овозможува на децата да имаат избор да го учат тоа што е во фокусот на нивните лични интереси со што им се овозможува да го истакнат својот полн потенцијал. Училиштата ќе имаат слобода, а наставниците автономија.
Со концепцијата ќе се намали образовниот јаз кај помалку бројните заедници во државата затоа што ќе имаат можност за избор на материјали за учење кои сега не се достапни на сите наставни јазици”, рече Лазаревска.
Лазаревска истакна дека како Фондација даваат целосна поддршка на концепцијата затоа што со неа се јакнат родовата сензитивност, интеркултуралноста и
инклузивноста.





