„На средбата со претставничките на Платформата за родова еднаквост во Владата на Република Северна Македонија заедно со колегите министри едногласно се согласивме дека сите чинители во општеството, од институциите до граѓанските организации треба да се обединат и да бидат единствени во одговорот против сите форми на родово и сексуално насилство врз жени и девојки кои не смеат да останат одмолчени или неказнети”, напиша министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Фејсбук.
„Она што е неопходно е зајакнување на капацитетите на стручните работници во центрите за социјална работа и МВР, преку специјализирани обуки и едукација за справување со родово-базираното насилство и поддршка на жртвите, како важни чекори во враќање на довербата на жртвите во институциите”, стои во статусот на министерката.





