Петар Тодоров од Институтот за национална историја на дебатата даде поддршка на
концепцијата и го отвори прашањето зошто учиме историја во образованието и зошто
треба да биде важен дел од образованието.
“Сметам дека доста традиционалното разбирање на минатото, кое во развиениот свет
во демократските општества веќе е надминато, или пак се менува. Со новиот концепт и
во предметот кој предвидува да ги интегрира историјата, географијата, граѓанското
образование, ќе се отстранат недостатоците пред сé во наставната програма, но и во
учебниците. Тодоров рече дека Концепцијата треба да ја унапреди и развива
рамноправноста, меѓуетничка толеранција, разбирање за другите, за нивните култури и
вредности преку кои ќе се градат совесни и одговорни граѓани.
“Националните борби и интереси не завршуваат со политичка сувереност, национални
борби за интереси се и борби за родова рамноправност, човекови права, права на
заедниците, маргинализираните групи, борби не за да ја политизираме историјата и да
ги обвинуваме другите дека се помали Македонци и предавници”, рече Тодоров.




