Фадби Османи, професор и декан на Педагошкиот факултет Државниот Универзитет
во Тетово, вели дека целосно се согласува со интегрирањето на предметите затоа што
сега имаме повторување на исти содржини во различни предмети.
“Сите сме свесни дека треба да се реформира образованието. Знаеме дека
образованието бара нов приод. Самата концепција го поврзува училиштето и научната
јавност се занимава со оваа проблематика. Лично не се согласувам со отфрлање на
концепцијата. Сите знаеме какви се резултатите од тестирањата и дека треба да се
смени но кога ќе се смени ако даваме отпор”, вели Османи.
Османи истакна дека Педагошките факултети низ државата треба да ги
синхронизираат наставните програми и на тој начин да се придонесе кон подобри
наставни кадри.



