Во своето интервју на Телма телевизија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека е важно само едно решение а тоа е “Дилемата која сакаме да ја разрешиме со Законот е – воените лица мора да изберат дали ќе бидат војници на Армијата или војници на партијата”
Министерката додаде и потенцираше дека aрмијата ги отвора вратите за ИТ експерти.
“Подготвени сме да ги стипендираме месечно со 30-80 проценти од просечната плата во зависност од годината на студии, а за оние со просек над 9, ќе даваме и уште една стипендија на годишно ниво. Веднаш ќе ги вработуваме во Армијата, при што подготвуваме компетитивни платежни пакети за да ја издржиме конкуренцијата на пазарот на работна сила за информатичките инженери. Во Армијата инвестираме за 5 и 10 години однапред.” – рече Радмила Шекеринска на Топ Тема.
Таа во своето интервју потенцираше дека војската е голем систем и кога тој систем има проблеми какви што ги има многу е тешко да наравите приоритет за решавањето.
“Најважно е дека од големата листа еден голем дел од прашањата се решени. Ако на првиот конкурс за 120 места имавме 200 кандидати, на претпослендиот конкурс за 70 места имавме 7000, а за 200 војнички места имавме 2000 кандидати и тоа за мене е најголемиот комплимент. На крај армијата за прв пат стекна впечаток дека системот се врака во нормала, дека се води сметка и дека тоа што ке го најавам нема да се заборави следната година” – додаде министерката за одбрана Радмила Шекеринска.





