Во своето интервју на Телма телевизија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска исто така зборуваше и за индексот на демократијата.
„Во однос на индексот на демократијата, Ние имаме во 2020 оценка вккупна 5,89 која е повисока од таа што ја имавме пред три години и единствено што е точно е дека имаме назадување во донос на 2019″, истакна таа.
„Секоја година по ред ние имаме подобрување за начинот на организирање на изборите, ова беше нашиот главен проблем до 2016, за тоа оваа година имаме највисок скор што сме го имале. Вториот критериум функционирањете на владата сме почнале од 5 па 5,36 сега имаме 6,11. Единственото место каде имаме намалување на скорот е во делот на политичкото учество и кај политичката култура. Кога сме власт носиме одговорност и за тоа што е добро и за тоа што е лошо ,ама кога зборуваме за пописот и дека за некои прашања не смееме да правиме политички спектакл од тоа, за ова зборувам”, додаде министерката.





