ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: За три недели 36 илјади наши членови направиле ажурирање на податоците

February 6, 2021 14:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска е во посета на Штип, Карбинци и Берово. Тој на прес-конференцијата во Штип истакна дека СДСМ секојдневно расте, модернизира, менува и дигитализира, за да, како што рече, уште повеќе подобро им служи на граѓаните и на државата. Посочи дека процесот на ажурирање на членството се одвива со одлично темпо, а членовите се силно мотивирани.

– До овој момент околу 36 илјади наши членови направиле ажурирање на своите податоци, го потврдиле членството во СДСМ, во овие три недели. Процесот продолжува да трае до 25 февруари. Истовремено голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади, кои секојдневно се приклучуваат на СДСМ, кон најсилната, наjразноликата, најмодерната и најдинамична политичка структура во државата, вели Николовски.

Посочи дека најважно за нив како политичка партија се вредностите, визиите и политиките коишто значат прогрес, напредок, правда, социјална држава, ефикасно здравство, институции, како и повеќе пари кај граѓаните и инвестиции.

– Поголеми плати и пензии, какошто го реализираме, повеќе мерки и пари за фирмите. Поголеми шанси за сите млади и подобар систем, правда и поредок. Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, вели Николовски.

Забележа дека токму затоа граѓаните во сите општини се приклучуваат кон новиот СДСМ, а партијата е креатор и гарант на едно општество за сите граѓани, затоа, како што рече Николовски, во нивната партија пристапуваат граѓани од сите етнички заедници. Генералниот секретар на СДСМ информираше дека во секоја општина направиле и Општинска организација на СДСМ. Порача дека продолжуваат да работат уште поодговорно и попосветено за интересите на секој граѓанин во нашата земја. /МИА/

Next Post

Брнабиќ: Србија единствена земја во светот каде граѓаните може да ја бираат вакцината

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk