ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Романтичната приказна како Мет Дејмон ја запознал сопругата

February 6, 2021 16:38
in LIFESTYLE, ДЕНЕС, МАГАЗИН

Мет Дејмон е една од холивудските легенди и најголеми заводници, но тоа не го спречува да биде посветен само на една жена веќе речиси 2 децении, да извршува домашни обврски со неа, да го прифати нејзиното дете и да добијат уште 3 деца заедно…

Мет Дејмон (50) е една од најголемите холивудски ѕвезди, но тоа не го спречува да биде сосема приземјен.

Парот е во брак од 2005 година и важи за еден од најсложните и најсреќните парови во Холивуд.

Лусијана не сака многу да ја има во медиуми бидејќи не е дел од филмската индустрија, а својот приватен живот се обидуваат да го задржат на страна од медиумите.

Тие се запознале во бар на Мајами, кога Дејмон работел на снимањето на филмот „Stuck On You“ во 2003 година, а Лусијана, која има аргентинско потекло, работела како шанкерка таму.

Во интервју за австралиското издание на Vogue во 2018 година таа откри кога ја запознала суперѕвездата за првпат.

„Работев како шанкерка во Мајами кога тој снимаше филм таму и екипата заврши во барот каде што работев. Мет има малку поромантична верзија на нашата прва средба – тој вели дека кога ме видел во просторијата имало светло над мене, а јас се шегував уште тогаш – па, да ова е ноќен клуб, има светла насекаде.“

Баросо тогаш била самохрана мајка на едно дете.

„Во клубот Мет ми пристапи затоа што сакаше наводно да се сокрие во шанкот, луѓе почнаа да го препознаваат и да се фотографираат со него, тоа стана малку агресивно затоа што имаше и пијани, па јас го пуштив да влезе позади шанкот.

Потоа му кажав да не стои така и да направи некој пијалак. За улога во некој филм имал тренирано да работи како шанкер и навистина беше успешен, ми заработи многу пари таа вечер затоа што луѓето го препознаваа.

Потоа ми призна дека само сакал да зборува со мене. Испадна навистина забавна ноќ и еве по толку години уште сме заедно.“

Таа додава дека уште од старт почувствувале силна поврзаност, лесно им одела комуникацијата и им било комфорно еден со друг.

Потоа Дејмон ја поканил на пијачка, но таа му рекла дека не може затоа што дома има 4-годишна ќерка што ја чека. Тој бил воодушевен што е мајка и што тоа ѝ е приоритет.

„За некои момци е комплицирано кога имате дете, но за него не, нему тоа му се допадна“, вели Баросо и доадава дека тој за неа не е филмска ѕвезда, туку само Мет и отсекогаш бил само Мет.

Во меѓувреме парот доби и 3 деца заедно и се еден од најсреќните парови во Холивуд.

Next Post

Приведен угостител од Тетово во чиј објект биле затекнати околу 100 гости

НАЈНОВО

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk