ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

По речиси две недели, матурантите го прекинуваат бојкотот

February 8, 2021 08:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

По 12 дена бојкот, кој го почнаа на првиот ден од второто полугодие, матурантите организирани од Сојузот на средношколци денеска се враќаат на настава. Генералното собрание на Сојузот во четвртокот донесе одлука да го стави во мирување бојкотот и да се почека Парламентот да најде решение, откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образоание.

Минатата недела претставници на Сојузот имаа средби со сите пратенички групи и очекуваат дека ќе биде поддржан предлогот за измени на Законот, со што ќе се исполни нивното барања за скратување на државната матура и наместо по четири да полагаат испити по два предмета – мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира.

Претседателот на Средношколски сојуз Бленди Ходаи за МИА потврди дека матурантите кои бојкотираа денеска ќе се вратат на часови. Рече дека до крајот на февруари ќе ја следаат наставата и ќе чекаат Собранието да го прифати и изгласа нивното барање, а ако тоа не се случи најави дека ќе постават шатори пред Министерството за образование и наука.

-Се враќаме на настава за да им оставиме простор на пратениците да најдат решение.Чекаме Комисијата за образование, наука и спорт да го разгледа Предлог-законот. По средбите што ги имавме во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека има поддршка од повеќе од 70 пратеници. Ако не се прифатат и гласаат нашите барања до крајот на месецов, ние ќе почнеме да кампираме пред МОН. Нашиот бојкот e последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози за изменување на годинашната државна матура. Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања, изјави Ходаи.

Предлогот за измени и дополнување на Законот за средно образование, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во Собранието минатиот понеделник и ги повика останатите пратенички групи да го поддржат за да им излезат во пресрет на матурантите.

– Со оглед на сите настанати околности како последица на КОВИД-19 пандемијата, со оглед на фактот дека учебната 2020/2021 година почна со еден месец задоцнување, времетраењето на училишниот час од 30 минути, скратените наставни програми, немањето можност за вистинска пракса, немањето технички услови кај дел од учениците итн., сметаме дека овој дел може да се регулира со дополнување на Законот за средно образование, каде ќе се дефинира бројот на предмети како и времетраењето на важноста на овој Закон, наведе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по доставувањето на Предлог-законот

Министерството за образование и наука не отстапува од актуелниот концепт за државна матура и за време на бојкотот  постојано укажуваше дека измени на концептот не може да се прават во од, а нов ќе има за наредната учебна година, поканувајќи ги и претставниците на Средношколскиот сојуз да учествуваат во неговото подготвување.

Ставот на МОН е дека има и законска обврска да овозможи полагање на државната матура, зашто над 14 илјади матуранти во законскиот рок (крајот на декември) веќе се пријавиле за државна матура и ги избрале предметите по кои ќе бидат тестирани.

– Не гледам како не би го испочитувале законот кога ниту имаме вонредна состојба, ниту имаме можност на владини седници да донесуваме вакви одлуки. Законот е јасен и дециден за спроведување на државната матура зашто таа е услов за запишување во високото образиование. Сите кои не сакаат да ја полагаат, може да полагаат училишна матура со два предмета и може да полагаат стручен испит во стручните училишта, и на тој начин да го заокружат своето средно образование. Тоа е задолжително во нашата држава, а државната матура е избор, изјави министерката Мила Царовска одговарајќи на новинарски прашања по поднесениот предлог да се измени Законот за оваа генерација матуранти.

Државниот испитен центар во ноември ги соопшти термините за испитите по трите екстерни предмети (од 29 мај до 14 јуни 2021), а покрај нив, матурантите треба да полагаат уште еден интерен предмет и да изработат проектна задача. /МИА/.

Next Post

Би можело да има и добар наслов, ама намерно не го ставам…

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk