ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Има овде уште голема енергија за ЕУ

February 9, 2021 09:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Тукушто објавената Анализа на една од највибрантните и најсериозни невладини организации во Македонија, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦ) од Скопје, во соработка со демо-христијанската германска Фондација „Конрад Аденауер“, посветена на македонскиот евро-интегративен процес, покажува трендови во ставовите на македонската јавност кои можат да ве загрижат или да ве орасположат, во зависност од тоа каде припаѓате на етно-политичкиот (за многумина и на партискиот) хоризонт на македонската политичка сцена.

Авторите на Анализата нудат триесетина релевантни заклучоци, произлезени од нивните истражувања и експертски толкувања, кои е невозможно, овде, во целост да се презентираат, но неколкуте најзначајни добро ја сумираат моментната слика на нашиот однос кон ЕУ.

За почеток, Анализата покажува дека во 2020 година дошло до стопирање на долгогодишниот тренд на опаѓањето на овдешната поддршка за членството на земјата во ЕУ, со близу 70% од популацијата која го поддржува тоа членство (4% повеќе од претходната година), со тоа што иако кај Македонците (дежурни депресивци – моја интерпретација) е воочен поголем песимизам за процесот, меѓуетничкиот јаз генерално се намалува. Од друга страна, загрижувачки е заклучокот дека расте бројот на евроскептични испитаници меѓу најмладите, иако се зголемува бројот на граѓани кои веруваат дека Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ во наредните десетина години.

Истражувачите на ИДСЦ констатираат дека „во последните четири години се забележува драстичен раст и доминантна позиција на идентитетските и вредносните фактори во детерминирањето на евроскептичната енергија во македонското општество“, додавајќи дека, иако во јавноста овие ставови се во видливо малцинство, „заканата за губење на националниот идентитет и губењето на суверенитетот и независноста на државата како последица на процесите на европеизација се наметнуваат како најважни фактори за формирањето на евроскептичните ставови“.

И, потоа, два-трите можеби најбитни заклучоци: симпатизерите на СДСМ со над 90% го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ, додека кај симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ таа поддршка е за повеќе од 30% помала. Повеќе од една третина симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ јасно се противат на самата идеја дека припаѓаме во ЕУ, при што две третини од симпатизерите на македонската опозиција (64%) веруваат дека државата не е подготвена за тоа членство.

Има во таа Анализа уште дузина интересни индикатори и историски споредби за тоа каде реално се движи Македонија во своите евро-интегративни напори, но ако треба, макар и грубо, да се интерпретираат овдешните општествено-политички трендови на оваа тема, станува јасно, што не е ни многу за изненадување, дека тие во многу зависат од политичкото лидерство со кое се третира Европската Унија кај нашите главни партиско-политички дејци. Оптимизмот и желбата на власта од евро-интеграцијата да се влече позитивна општествена енергија, дури кога за тоа и нема добри аргументи во дневната политика; се судира со песимизмот и желбата на опозицијата евро-интеграцијата да се прогласи за пропаднат проект под водството на оваа власт, без разлика на тоа дали има добри аргументи во дневната политика.

Низ таквиот дискурс на „навивање“ или „мрчење“ се губи смислата за квалитетна јавна политичка дебата, бидејќи наративот за ЕУ се сведува на упростен (на моменти и простачки) натпревар за останување или освојување на власта. Како и за сите други теми: од квалитетот на воздухот што го дишеме, преку енергетската стратегија на земјата или методите за борба против корупцијата, до како да се подобри јавниот транспорт во главниот град…

Иако во заклучоците и од оваа Анализа на ИДСЦ има пораки за кои раководствата на сите наши партии треба добро да се замислат, македонската опозиција, сепак, има поголем проблем: многу голем процент од нивните членови и симпатизери воопшто не ја сакаат ЕУ.

Практичната политичка последица од тоа е следна: или треба ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од поддршката од овие гласачи и да ги остави – бидејќи тие нема да исчезнат – некоја друга политичка формација да ги земе „под свое“, што драматично, на краток рок, ќе ѝ ги намали шансите за изборна победа; или ќе го задржи овој непријатен „блендиран“ идеолошки „шинел“ под кој прибира и секакви радикални антизападни опции, што ја прави некредибилен партнер за коалициските влади со кои, врз платформата на евроатлантските интеграции, се владее во Македонија. Па, и кога победувала на избори, овој проблем само се „селел“ од партијата на државата, што редовно завршувало со кризи за чие решавање, со силна меѓународна улога, се трошеле години. И, потоа, пак целата приказна одново…

Тоа е темелното, структурно прашање за ВМРО-ДПМНЕ што не може да се сокрие ни со постојаната националистичка и друга жестина во политичкиот настап, а ни да се потисне со внатрешната недемократска узурпација на раководните партиски фотелји. Повикот за идеолошка и демократска модернизација на таа партија не е анти-вмровска, туку проевропска и промакедонска позиција. Затоа и нè засега сите нас.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

За влез во Велика Британија задолжителен е карантин и два теста

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk