„УЈП и Државниот инспекторат за труд започнаа со спроведување на координирани контроли кај работодавачи коишто користеле финансиска поддршка за исплата на плати. По направената анализа од страна на УЈП на даночни обврзници коишто имаат користено финансиска поддршка за исплата на плата, а немаат исплатено плати на вработените, и по дојава од граѓани направена е селекција за контрола по критериуми: износот на добиена финансиска помош, бројот на вработени, фирми кои немаат исплатено плата за повеќе од еден месец, обврзници за кои се добиени пријави за неправилности врз основ на исплата на плата.“, истакна на денешната прес-конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Лукаровска потенцира дека од страна на УЈП во декември 2020 и јануари 2021 година, по тој основ извршени се контроли кај 60 даночни обврзници.
„Работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати, а не ги исполнил условите, има обврска да ги врати добиените парични средства во целост заедно со камата, а работодавачот кој дал изјава за исполнетост на условите, а не ги исполнил условите, ќе следи кривична пријава.“, потенцира Лукаревска на денешната прес-конференција.
J. Ѓорѓиоски