ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Аеродромот Скопје го доби признанието „Гласот на клиентот“ од Меѓународниот совет на аеродроми

February 9, 2021 13:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на признание од Меѓународниот совет на аеродроми наречено „Гласот на клиентот“, со кое им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги, а со цел подобро да ги разберат нивните клиенти за време на пандемијата.

Ова признание, како што информираат од ТАВ Македонија, се доделува на аеродромите што и понатаму даваат приоритет на нивните клиенти и останаа верни на заложбата дека гласот на патниците е слушнат дури и за време на пандемијата со КОВИД-19 во 2020 година.

-Среќни сме што Меѓународниот совет на аеродроми ни го додели ова признание за Меѓународниот Аеродром Скопје, како еден од 140-те аеродроми на светско ниво, коишто продолжија да ги слушаат мислењата на клиентите, дури и во овие тешки времиња за аеродромите предизвикани од пандемијата со КОВИД-19. И покрај тешките околности, и борбата да се опстане, ние сепак одлучивме дека задоволството на клиентите ќе остане еден од нашите врвни приоритети, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Скопскиот аеродром е меѓу 140-те аеродроми низ светот што го добиваат ова признание, а припаѓа во групата од 33 аеродроми во регионот на Европа; признанието го добија и 69 аеродроми во Азиско-Пацифичкиот регион, 24 аеродроми од Северна Америка, шест аеродроми од Африка, пет аеродроми од Латинска Америка-Кариби и три аеродроми од Блискиот Исток.

Пандемијата со КОВИД-19 предизвика сериозен удар врз авијацијата. ТАВ Македонија ја заврши 2020 година со пад во патничкиот сообраќај од 71 процент. Од 2.677.618 патници во 2019, во текот на цела 2020 година, двата аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, имаа вкупно 782.876 патници.

Од ТАВ Македонија, како најголемиот предизвик за закрепнување на патничкиот сообраќај, ги посочуваат рестрикциите за патување за македонските граѓани воведени од земјите членки на ЕУ/Шенген зоната, каде е концентриран преку 77 проценти од македонскиот авиосообраќај.

Next Post

Заев на Самитот на Инцијативата 17+1: Има потенцијал за поголема регионална соработката со Кина

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk