На мое барање, Владата на денешната седница донесе одлука за разрешување на Ристо Чулаковски од позицијата член на Управниот одбор, претставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола, напиша Љупчо Николовски на Твитер.
„Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси, по иницијатива којашто до мојот Кабинет пристигна од страна на Државната комисија за спречување на корупција.
Ги разгледуваме и постапуваме по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување корупција, како важна независна институција во откривањето и спречувањето корупција“, напиша Николовски.