ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НБ: Тековите стабилни, макроекономските показатели согласно очекувањата, монетарната политика го задржа релаксираниот карактер

February 10, 2021 10:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Монетарната политика го задржува релаксираниот карактер, на последната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика е одлучено каматната стапка да се задржи на ниво од 1,5 отсто.

– Намалувањето на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи во изминатата година придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување, а при и понатаму присутни ризици и неизвесност, на седницата беше одлучено да се задржи каматната стапка на благајничките записи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка изминатата година е соодветна, при штосе одлучи на аукцијата што ќе се одржи денеска да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари, соопштуваат од Народната банка.

Во него се додава дека последните расположливи макроекономски показатели за бруто домашниот производ упатуваат на годишен пад на економијата во првите три квартали од годината од 5,9 отсто, што е во согласност со очекувањата од последните проекции на Народната банка за пад од околу 6 отсто.

Од Банката истакнуваат дека последните расположливи податоци за економската активност за четвртиот квартал посочуваат на поповолни движења во домашната економија и поумерени негативни ефекти од здравствената криза во споредба со претходниот квартал, во услови на целни и помалку рестриктивни мерки за справување со вториот бран на ковид-19, како и постепено приспособување на однесувањето и навиките на субјектите кон новонастанатата состојба и закрепнување на производството и извозот вклучени во глобалните синџири на снабдување.

НБ појаснува дека во услови на раст на извозот во последниот квартал од 5,1 отсто, индустријата бележи натамошно забавување на годишниот пад, при што во декември беше забележан и годишен раст, првпат од појавата на пандемијата. Забавува падот и кај прометот во вкупната трговија, додека градежништвото бележи забрзување на растот.

Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2020 година изнесува 1,2 отсто, што, според Народната банка,  е во согласност со проектираната стапка согласно со нејзината последна проекција. Во услови на ревизии кај надворешните влезни претпоставки во различни насоки, и натаму е нагласена неизвесноста од движењето на светските цени на примарните производи во следниот период и нивното влијание врз домашните цени, согласно со неизвесните економски ефекти од вториот бран на пандемијата на ковид-19 и нејзиното времетраење, како и појавата на мутација на корона-вирусот и проблемите со дистрибуцијата на вакцината.

Девизните резерви, истакнуваат, и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона, со динамика на промена во 2020 година којашто е подобра од очекуваната согласно со последните проекции.  – Наместо пад, девизните резерви остварија раст. Податоците за надворешно-трговската размена за целата 2020 година упатуваат на стеснување на трговскиот дефицит и се во согласност со последните проекции. Во однос на податоците од надворешниот сектор за првиот квартал на 2021 година, тие засега се расположливи за многу краток временски период, којшто не е доволен за изведување попрецизни заклучоци, се наведува во соопштението

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци заклучно со јануари 2021 година покажуваат нивен натамошен годишен раст, во рамките на очекувањата согласно со проекцијата.

Во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот, ликвидноста на банкарскиот систем во денари е задржан на релативно солидно ниво, за што потврда е и отсуството на потребата кај банките за тргување на пазарите на пари. Движењата на домашните финансиски пазари упатуваат и на сезонско намалување на нето-понудата на девизи од физичките лица на менувачкиот и на девизниот пазар, вообичаено за периодот по новогодишните и божиќните празници и истовремено засилување на нето-потребата за девизи од корпоративниот сектор. -Девизната ликвидност на банките се задржа на солидно ниво, а Народната банка учествуваше со повремени интервенции за продажба на девизи, наведуваат од Народната банка.

Оттаму додаваат дека очекувањата на инвеститорите за побрзо глобално економско заздравување коишто беа присутни на почетокот на јануари, делумно ослабнаа до крајот на месецот поради привремено намалениот оптимизам за брзо спроведување на новиот фискален пакет мерки во САД, влошените согледувања за економското закрепнување на еврозоната и бавното одвивање на процесот на вакцинирање во светски рамки. Ваквите согледувања на меѓународните финансиски пазари придонесоа за умерен раст на вредноста на САД-доларот во однос на еврото, но и за задржување на цените на државните обврзници во еврозоната и САД на релативно високи нивоа.

На седницата на Комитетот е заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Сепак, наведуваат од Народната банка, неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка, најавува, дека и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветно приспособување на монетарната поставеност, доколку е потребно.

Next Post

МОФ бара итно информирање на учениците за матурските испити, и дополнителен термин за полагање

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk