ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи од Луксембург: Поддршката од пријателите е мотив да работиме посветено на реформите

February 10, 2021 15:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Поддршката од нашите пријатели претставува мотив уште понапорно и посветено да работиме на нашето реформско досие, се до конечната цел полноправно членство во ЕУ, изјави денеска во Луксембург шефот на дипломатијата Бујар Османи за време на средбата со неговиот домаќин, луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил, Жан Аселборн.

Двајцата министри, како што соопшти МНР, се осврнаа на билатералните односи, изразувајќи задоволство од интензивниот политичкиот дијалог меѓу двете земји, а беа разгледани и можностите за унапредување на економската соработка и соработката во други области од заемен интерес. 

-Оваа посетата доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската Унија. Морам да бидам искрен, постои сериозно разочарување од крајот на годината, кога не беше донесена одлука за преговарачка рамка со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ. Но, поддршката од нашите пријатели ја гледаме како нов мотив, со кој ќе ги стимулираме сите чинители во државата да работиме уште понапорно и посветено на нашето реформско досие, се до исполнување на нашата стратешка определба, полноправно членство во ЕУ, рече Османи.

Тој истакна дека е рефирмирана принципиелната поддршка на Луксембург во поглед на остварувањето на една од нашите стратешки цели за поддршка за нашето полноправното членство во ЕУ, а продолжуваме и активно да го негуваме и развиваме нашето сојузништвото во НАТО.

– Нашата земја со Луксембург ја поврзуваат моменти важни за нашата современа историја, од причина што во 2001 година, токму во Луксембург, нашата земја ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, и со тоа, како прва прва земја од регионот го почнавме процесот на усогласување на нашето општество со Унијата. Оттогаш наваму сме сведоци дека Луксембург во континуитет остварува поддршка за придвижување на процесите за европска трансформација на нашето општество и на целиот регион, потенцира Османи.

За време на средбата беа разменети мислења и за повеќе актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, а беше дискутирано и за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во текот на 2023 година.

Како што информира МНР, работната посета на Османи на Луксембург заврши успешно со реафирмирање на принципиелната поддршка од луксембуршка страна во поглед на остварувањето на една од нашите стратешки цели за полноправното членство во ЕУ.

Од утре, Османи ќе претстојува во работна посета на Белгија, каде домаќин му е вицепремиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија и за федерални културни институции Софи Вилмес, а ќе се сретне и со претседателките на Претставничкиот дом и на Сенатот на белгискиот Федерален парламент, Елиан Тилио и Стефани Д’Ос.

Посетата на Белгија, министерот Османи ќе ја искористи и за средби и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан. 

 

/МИА/
Next Post
Фото: МИА

И документ од тетовскиот суд докажува дека Антонијо Милошоски бил осудуван во Германија

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk