ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наумоски го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Под кривична, материјална и морална одговорност тврдам, сè што кажа Стоилковски е лага

February 10, 2021 17:11
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Откако на вчерашната прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковси го праша градоначалникот на Општина Ѓорче Петров ,,да каже дали од Општина Ѓорче Петров ќе замине со два нови џипа?”, Александар Наумоски денеска го демантираше и ги окарактеризира обвинувањата како „краткометражни вечерни измислици на ДПМНЕ“.

Во демантот на градоначалникот Наумоски пишува:
„Ширењето на лажни вести стана синоним за опозициската ДПМНЕ. Рубриката Коментар на денот за жал е само едно шоу на кое се забавува единствено публиката во ,,Белата палата”.
Тотална невистина и небулоза се овие вечерни краткометражни измислици на ДПМНЕ и бригадата за продуцирање на ноторни лаги. Пред да излезат на прес конференција добро нека го погледнат возниот парк на своите членови и екс високи функционери, и нека бараат одговори од нив на кој начин се стекнале со имот од така висока вредност.

Како Градоначалник на општина Ѓорче Петров, под кривична, метеријална и морална одговорност, јавно тврдам дека нема апсолутно ништо точно во коментарот на Наум Стоилковски.

Јас не поседувам никаков нов џип марка мерцедес МЛ. Поседувам возило произведено во 2010 година. За жал ДПМНЕ сака на ваков начин да се бори за гласови во наше Ѓорче. За потсетување 12 години, 70 % од функционерите беа од Ѓорче, Премиер,

Претседател на Собрание, Министри и штета што може да се пофалат само со личниот капитал и позиција а за ѓорчевци оставија камен на камен. Кога се работи за наше Ѓорче не постојат партии, сите се знаеме меѓу себе. Не е мој стил да се заканувам со тужба за клевета и навреда. Затоа го замолувам портпаролот на ДПМНЕ во рок од три дена да ги докаже своите инсинуации и лаги, бидејќи сум свесен дека нема доблест да се извини. Очигледно ви пречи постојаниот развој на Ѓорче за овие три години и капиталните проекти кои се реализираат. Ѓорчевци се свесни за тоа, а треба да бидете и вие солидарни со нас за идниот развој на наше Ѓорче. Доколку не ги докажете вашите небулози, немам друго чаре туку да поднесам тужба за клевета и навреда .

Портпаролот Наум Столиковски, од добар новинар стана ,,викач” на лаги кој ќе мора пред судот да објасни како ја замајува јавноста со невистини и од каде му се дезинформациите дека сум се подновил со нов џип, мерцедес МЛ“, пишува во демантот.

Next Post

Попладневен преглед: Нов обид за смена на Мицкоски, свикан вонреден конгрес за избор на лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и документ од тетовскиот суд докажува дека Милошоски бил осудуван во Германија...

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk