ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Нов обид за смена на Мицкоски, свикан вонреден конгрес за избор на лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и документ од тетовскиот суд докажува дека Милошоски бил осудуван во Германија…

February 10, 2021 17:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Ако има предвремени избори СДСМ ќе имаме 50, а ВМРО-ДПМНЕ 40 пратеници, но ќе изгуби државата шест месеци. Кој тоа од нашите коалициони партнери верува во тоа?  Нема таков! Истовремено, дали од неговите коалициони партнери и од неговите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ верува во ваквите политики, тоа исто така е гаранција дали некој од опозицијата ќе премине во владејачкото мнозинство. Од тоа зависат работите дали пратеници ќе се одлеат во опозицијата во власта, или од власта во опозицијата. Сè друго се приказни за мали деца.“, рече Заев.

Свикан вонреден конгрес за избор на лидер на ВМРО-ДПМНЕ – нов обид за смена на Мицкоски. Делегатите кои пристапиле велат дека лидерот Христијан Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување меѓународна поддршка.

И документ од тетовскиот суд докажува дека Антонијо Милошоски бил осудуван во Германија. Во документот стои: „Парична казна 40 казнени единици по 20 евра за кривично дело кражба“ и „Парична казна 20 дневници по 20 евра за кривично дело фалсификување на исправи. Иако негираше, Милошоски, според документите издадени од судот во Тетово покажуваат дека тој бил осуден за фалсификување на исправи.

Регистрирани 389 нови случаи на ковид 19, оздравени 998, починати се четири пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања на Ковид-19.

Јавното обвинителство од Струмица покрена истрага за две лица за кои има основано сомневање дека присилиле малолетничка која имала наполнето 14 години на снимање слики и видео клипови со порнографска содржина, кои потоа ги праќале на трети лица преку социјална мрежа. На двете лица им е одреден притвор во траење од 30 дена.

Османи од Луксембург: Поддршката од пријателите е мотив да работиме посветено на реформите. За време на средбата беа разменети мислења и за повеќе актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, а беше дискутирано и за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во текот на 2023 година.

Лајен: Државите од Западен Балкан се изземени од ограничувањата за извоз на вакцини.Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што ги почитуваат договорите со ЕУ, а автоматски се изземени ограничувањата на извозот во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји со мал и среден приход од инструментот Ковакс, рече Фон дер Лајен.

Наумоски го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Под кривична, материјална и морална одговорност тврдам, сè што кажа Стоилковски е лага. Ширењето на лажни вести стана синоним за опозициската ДПМНЕ. Рубриката Коментар на денот за жал е само едно шоу на кое се забавува единствено публиката во ,,Белата палата”. Јас не поседувам никаков нов џип марка мерцедес МЛ. Поседувам возило произведено во 2010 година. За жал ДПМНЕ сака на ваков начин да се бори за гласови во наше Ѓорче, пишува во демантот.

И. Т. З. 

Next Post

Во Велес регистрирани два случаи на британскиот сој на коронавирус

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk