„Господинот Мицкоски вика како што се гледа од месечината Кинескиот ѕид, така се гледа дека ќе има предвремени парламентарни избори. Е сега, ќе имаме ново мнозинство, или ќе имаме предвремени Парламентарни избори? Јас реков, колку и да е некој космонаут и одозгора да ги гледа работите, се сметам за прилично информиран – повеќе ос сите други, таква ми е функцијата.“ одговори премиерот Заев на денешната прес-конференција на прашање за стабилноста на владиното мнозинство.
Заев нагласува дека нема некој од сегашното мнозинтво кој би одел со Мицкоски.
„Дали некој ќе оди со Мицкоски, тоа зави на крајот од денот дали некој верува во заложбите за коишто тој се залага, а тоа се: блокирање, одложување, мрчење, кочење и последиците и конекцијата со режимот. Кој тоа од нашите коалициони партнери верува во тоа? Нема таков! Истовремено, дали од неговите коалициони партнери и од неговите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ верува во ваквите политики, тоа исто така е гаранција дали некој од опозицијата ќе премине во владејачкото мнозинство. Од тоа зависта работите дали пратеници ќе се одлеат во опозицијата во власта, или од власта во опозицијата. Сè друго се приказни за мали деца.“, рече Заев.
Тој подвлече дека ако има предвремени избори СДСМ ќе има повеќе пратеници отколку што има сега,
„Заради доброто на државата избори треба да има редовни. Ако има сега избори наместо 46 пратеници ние ќе имаме 50, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40 и веројатно ќе ми е полесно како премиер, но ќе изгуби државата најмалку шест месеци. Дефинитивно предвремени избори не и требаат на државата. Избори треба да има во ВМРО-ДПМНЕ, како што ќе има и во СДСМ“, заврши Заев
Ј. Ѓ.