Како Градоначалник на општина Ѓорче Петров, под кривична, метеријална и морална одговорност, јавно тврдам дека нема апсолутно ништо точно во коментарот на Наум Стоилковски.
Јас не поседувам никаков нов џип марка мерцедес МЛ. Поседувам возило произведено во 2010 година. За жал ДПМНЕ сака на ваков начин да се бори за гласови во наше Ѓорче. За потсетување 12 години, 70 % од функционерите беа од Ѓорче, Премиер,
Претседател на Собрание, Министри и штета што може да се пофалат само со личниот капитал и позиција а за ѓорчевци оставија камен на камен. Кога се работи за наше Ѓорче не постојат партии, сите се знаеме меѓу себе. Не е мој стил да се заканувам со тужба за клевета и навреда. Затоа го замолувам портпаролот на ДПМНЕ во рок од три дена да ги докаже своите инсинуации и лаги, бидејќи сум свесен дека нема доблест да се извини. Очигледно ви пречи постојаниот развој на Ѓорче за овие три години и капиталните проекти кои се реализираат. Ѓорчевци се свесни за тоа, а треба да бидете и вие солидарни со нас за идниот развој на наше Ѓорче. Доколку не ги докажете вашите небулози, немам друго чаре туку да поднесам тужба за клевета и навреда .
Портпаролот Наум Столиковски, од добар новинар стана ,,викач” на лаги кој ќе мора пред судот да објасни како ја замајува јавноста со невистини и од каде му се дезинформациите дека сум се подновил со нов џип, мерцедес МЛ“, пишува во демантот.