ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026 11:30
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 26 септември 2026 – Контрацепцијата треба да биде прашање на информиран личен избор, а не на тоа колку некој може да си дозволи, каде живее или дали има пристап до навремени и точни информации.

По повод Светскиот ден на контрацепцијата, кој годинава се одбележува под мотото „Избор без бариери“, ХЕРА потсетува дека зад правото на избор мора да стои и функционален здравствен систем кој обезбедува достапна контрацепција, квалитетно советување и услуги за сексуално и репродуктивно здравје.

Според последните достапни национални податоци од Истражувањето на повеќекратни индикатори (MICS) 2018–2019 на УНИЦЕФ, 43,9% од паровите на возраст од 15 до 49 години кои се во брак или заедница во Северна Македонија користат прекинат сексуален однос како метод за спречување бременост, додека современа контрацепција користат само 14%. Ова покажува дека традиционалните методи и понатаму имаат значително место во практиките за спречување бременост, додека употребата на современи методи останува ниска, соопшти ХЕРА.

Состојбата е особено загрижувачка кај младите, се вели понатаму во соопштението. Според податоците, околу 14% од младите жени на возраст од 20 до 24 години користат современ контрацептивен метод, додека 38,6% се потпираат на прекинат сексуален однос. Кондом користат 11% од младите жени во оваа возрасна група.

„Ниската употреба на современа контрацепција не е само прашање на личен избор. Кога методите не се финансиски достапни или не се обезбедени преку здравствениот систем, изборот не е еднаков за сите“, велат од ХЕРА.

Иако во 2026 година контрацептивните лекови се вклучени на Есенцијалната листа, тие и понатаму не се покриени од задолжителното здравствено осигурување. Затоа, следниот чекор е нивно вклучување на Позитивната листа на лекови, со што контрацепцијата ќе стане финансиски подостапна за граѓаните.

Мотото “Избор без бариери“ треба да стане реалност и во Северна Македонија. Не е доволно контрацепцијата формално да биде препознаена како потреба во здравствениот систем – таа мора да биде и финансиски достапна за граѓаните. Затоа, потребно е современите контрацептивни средства да се вклучат на Позитивната листа на лекови и да се обезбеди пристап до квалитетно советување и услуги за сите.

За да се намалат нееднаквостите и да се обезбеди вистински избор на контрацепција, ХЕРА повикува на:

  • вклучување на современите контрацептивни средства на Позитивната листа на лекови и нивно покривање преку задолжителното здравствено осигурување;
  • зголемување и одржливо финансирање на државните програми за контрацепција, со посебен фокус на младите и лицата кои се соочуваат со економски и други бариери;
  • обезбедување достапни, доверливи и научно засновани информации и советување за сексуалното и репродуктивното здравје, вклучително и за современите методи на контрацепција, преку сеопфатното сексуално образование, кое ќе им овозможи на младите да стекнат знаења и вештини за информирани и одговорни одлуки за нивното сексуално и репродуктивно здравје.

На Светскиот ден на контрацепцијата, пораката е едноставна: изборот е право, но за да биде вистински избор, мора да биде придружен со достапност. „Избор без бариери“ значи секој човек да има реална можност информирано да одлучува дали, кога и колку деца сака да има, без финансиски, географски или други бариери до контрацепција, заклучуваат од ХЕРА во своето соопштение.

FRONTLINE

Next Post

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk