ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026 18:35
in КОМЕНТАРИ, СВЕТ
Мартин Тасевски

Мартин Тасевски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МАРТИН ТАСЕВСКИ

За време на обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Генералното собрание на ОН на 24 септември, десетици делегации демонстративно ја напуштија салата во знак на протест. Според дел од медиумските извештаи, станувало збор за речиси 70 делегации.

А повеќето од овие земји немаат развиена демократија. Систем каде верските лидери ја имаат врвната политичка контрола, а државните закони се директно подредени на религиозните догми. Во повеќето од овие држави, законите се засноваат на традиционални, конзервативни или религиозни рамки. Според меѓународните индекси за човекови права, либералните вредности и правата на ЛГБТИ заедницата во овие земји не се институционално признаени, а во некои случаи се и законски санкционирани.

Чисто да ви кажам што поддржувате, а глумите некои активисти од граѓански организации:

Во некои поконзервативни држави, доколку жената пријави силување или сексуален напад без доволно сведоци, таа ризикува самата да биде обвинета за „вонбрачни сексуални односи“.

Сега е поинтересното:

За ЛГБТИ лицата, овој регион важи за еден од најопасните во светот: Смртна казна и затвор: Во земји како Иран, Саудиска Арабија и Јемен, истополовите односи се законски казниви со смрт (иако извршувањето варира). Во Египет и Катар, иако нема директен закон за ЛГБТИ, властите ги користат законите за „дебош“ и „јавен морал“ за масовни апсења и тортура.

Покрај државниот прогон, овие лица се соочуваат со екстремно насилство од околината и семејството, при што „убиствата на честа“ сè уште се реалност во некои рурални и племенски подрачја.

Човекови права и слобода на говор?

Либералните вредности, активизмот и критичкото размислување се строго контролирани.

Зборот „либерализам“ во овие системи често се претставува како „западна закана“ за традиционалните и религиозните вредности, што му овозможува на апаратот на власта полесно да ги криминализира сите што бараат демократски реформи.

Нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, како и континуираното неселективно ракетирање на израелски градови од страна на Хезболах, се класифицирани од меѓународните правни тела како воени злосторства, бидејќи целта е директно гаѓање на цивилно население и земање заложници. Овие групи управуваат со териториите под нивна контрола со екстремно насилство. Хамас во Газа и Хутите во Јемен воведуваат строги верски закони, брутално ги задушуваат сите внатрешни протести, ги прогонуваат маргинализираните групи и ги егзекутираат политичките неистомисленици без судење.

Сума сумарум: Место да подржувате камшик, почнете да размислувате како го храните ѕверот. Со тоа што се радувате дека Авганистан, Турција итн., го напуштиле говорот на Нетанјаху размислете колку ова може да ви се врати како бумеранг.

Засилува најрадикални елементи во општеството, станува многу полесно за радикалните групи да регрутираат нови членови и да го оправдаат својот екстремизам. Понатаму, авторитарните влади во регионот го насочуваат гневот на граѓаните кон „надворешниот непријател“ (Израел или Западот). На тој начин, тие ја дефокусираат јавноста од внатрешните проблеми, сиромаштијата и кршењето на човековите права во сопствената земја…

А најголемата цена ја плаќаат токму најранливите жените, децата и маргинализираните групи кои се заробени во тој круг.

Накратко, маргинализираните заедници во овие системи се борат за слобода од насилството, а нивната позиција е во директен судир со суровите методи на управување кои ги практикуваат нивните сопствени влади…

За сите вас лицемери, кои не сум чул да зуцнете, неколку историски и современи примери како геноцид или масовни етнички убиства.

– Масакрот во Симеле (1933)

– Геноцидот во Бангладеш (1971)

– Геноцидот во Дарфур (2003–денес)

– Масовните убиства во Индонезија (1965–1966)

– Источен Тимор (1975–1999)

– Геноцидот врз Јазидите (2014)

– Исламската држава (ИСИС)

– и други…

Идеолошкиот парадокс: Бидејќи на Запад се застапуваат вредности (како правата на жените и ЛГБТК+ заедницата) кои се целосно забранети и сурово казнети под власта на Хамас или Хутите, вие целосно го засилувате гласот на радикалните елементи на меѓународната сцена, би прашал како спиете навечер со овие двојни стандарди и дали грантовите кои ги добивате, вредат за да изигравате кловнови?

 


Текстот е личен став на авторот.

 

Next Post

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk