ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Превирања во ВМРО-ДПМНЕ, Иницијативниот одбор бара прочистување, Мицкоски избегнува соочување со делегатите

Христијан Мицкоски нема капацитет и не ужива доверба меѓу членовите на партијата, а уште помалку меѓу неутралните граѓани. Христијан Мицкоски ќе му донесе уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, исто како што донесе порази и на претседателските и на парламентарните избори, велат од Иницијативниот одбор.

February 11, 2021 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколкумесечните несогласувања меѓу актуелното раководство на Христијан Мицкоски и Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ резултираа со два датуми за одржување на конгрес. Откако Иницијативниот одбор го закажа вонредниот конгрес на партијата за 28 март, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера вечер ја отфрли ваквата иницијатива и донесе одлука да се одржи редовен конгрес на таа партија во ноември.

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање за најавениот вонреден конгрес од Иницијативниот одбор, одговори дека тоа било добра прилика за прочистување на редовите на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу актуелното раководство и поранешни функционери предводени од Зоран Заев.

„Централниот комитет за ваква иницијатива заседаваше уште пред неколку месеци и едногласно донесе одлука за отфрлање на ваквата иницијатива и согласно статутарните овластувања кои ги има и согласно членот 29, став 4 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат едногласно Централниот комитет се задржа на принципиелно почитување на Статутот“, изјави Стефан Андоновски.

Од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес реагираат на ваквата одлука на актуелното раководство, посочувајќи дека претседателот Христијан Мицкоски се обидува да го избегне соочувањето со делегатите кои го избраа на 16-от Конгрес, преку закажување на редовен конгрес во ноември.

„Христијан Мицкоски нема капацитет и не ужива доверба меѓу членовите на партијата, а уште помалку меѓу неутралните граѓани. Христијан Мицкоски ќе му донесе уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, исто како што донесе порази и на претседателските и на парламентарните избори“, велат од Иницијативниот одбор.

Тие дополнуваат дека навредите кон делегатите кои го избрале Мицкоски покажуваат оти тој нема никаков респект кон сопартијците, дополнувајќи дека вонредниот конгрес на 28 март не е приватна забава, туку состанок на кој ќе се одлучува за најважните прашања кои ја засегаат партијата и државата.

Од Иницијативниот одбор ги повикуваат сите делегати кои и понатаму се премислуваат, да се приклучат во организацијата на вонредната седница на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март. Тие велат дека делегатите се членови на партијата подолго од Мицкоски и сега бараат да им даде отчет за тоа што исполнил од ветеното на претходниот конгрес. /META/

Next Post

Мицотакис: Оптимист сум дека не ја гледаме само светлината на крајот од тунелот, туку го гледаме и крајот на тунелот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk