ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата во соработка со ОБСЕ изработи електронска база на податоци на меѓународни документи за унапредување на меѓукултурниот дијалог и интеграција на општеството

February 12, 2021 11:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Во насока на практично спроведување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот (2020-2022 година), Владата на Република Северна Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, изработи електронска база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓу културниот дијалог и интеграција на општеството, дознаваме од владини извори.

Базата на податоци е сеопфатна, со вкрстени референци и вклучува релевантни меѓународни договори и конвенции, извештаи и препораки на клучни меѓународни организации, заложби на ОБСЕ и други меѓународни стандарди и практики. Базата на податоци ќе послужи како алатка за следење и проценка на спроведувањето на Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Фокусот на базата е на главните извори од меѓународното право, кои се тематски, релевантни за Стратегијата и за Акцискиот план за спроведување на Националната стратегија. Во оваа дата база на податоци, главната структура на изворите е дадена по организациски кластери, и тоа: кластер „Организација на Обединетите нации“, кластер „Совет на Европа“, кластер „Организација за безбедност и кластер соработка во Европа“, „Европска унија“.

Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, промовира основни вредности на различности, вклученост, почитување на човековите права, еднакви можности, особено за жените и мажите, владеење на правото, демократија и култура на мир и дијалог. Спроведувањето на Националната стратегија е предводено од Координативно тело, на чие чело е Националниот координатор на Владата за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски.

Next Post

ДКСК отвори три предмети за акумулација на функции против службени лица

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk